„Просто не можам да ја оставам“
◼ Минатата година, на конгресите на Јеховините сведоци низ целиот свет, беше објавена една нова книга. Таа има 224 страници и има слики во боја, а наменета е за проучување на основните библиски учења. Насловот на оваа книга е Што навистина учи Библијата?
„Просто не можам да ја оставам“, напишала една читателка. „Во оваа книга е собрано најдоброто од сите книги за проучување што сум ги прочитала, и сето тоа е изнесено кратко и јасно.“
Еден друг читател рекол: „Секоја страница те тера да читаш понатаму. Исто така, ми се допаѓа што на крајот од секое поглавје се кажува што ќе следи во следното. Од многу пасуси ми навреа солзи во очите. Толку многу работи ми се допаѓаат во оваа книга што би можел да напишам книга за тоа!“
Уште еден благодарен човек напишал: „Несомнено, оваа книга е духовен скапоцен камен од непроценлива вредност, и ќе биде од извонредна помош во поучувањето на нови ученици“.
Книгата Што навистина учи Библијата? сега може да се нарача на повеќе од 140 јазици. Можеш да нарачаш примерок ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.
□Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Што навистина учи Библијата?
□Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.