„Токму тоа што ни требаше!“
Ова го кажа една мајка од Италија откако ја доби книгата Учи од големиот учител. „Не можев а да не се расплачам“, вели таа. За својата ќеркичка вели: „Таа сѐ уште не знае да чита, но благодарение на сликите, ги памти главните мисли. Многу внимателно слуша кога ѝ читаме, зашто книгата е напишана во вид на разговор, па честопати се вклучува и таа. Поубав подарок не можевме ни да добиеме“.
Еден татко од Италија кажа дека тој и жена му често се прашувале како да му ги објаснат на своето синче работите поврзани со сексот. Тие велат: „Кога излезе оваа книга, се чувствувавме како Бог да знаел што нѐ мачи. Откако ја проучивме, разговаравме за тоа дека оваа нова книга многу ќе го поттикне нашиот син сериозно и внимателно да размислува“.
Една девојка од Јапонија, која како дете била сексуално злоупотребувана, напишала писмо со благодарност за книгата: „Се изнаплакав и не можев да престанам да му благодарам на Јехова. Оваа книга многу отворено и точно кажува со кои работи може да се соочат децата во ова расипано време. Прашањата ги поттикнуваат децата да си кажат како се чувствуваат. Триесет и второто поглавје е од огромна помош за да се заштитат децата од расипани луѓе! Можеби животот ќе ми беше многу поинаков да имаше пред 20 години ваква отворена, поучна публикација“.
И ти можеш да ја нарачаш оваа книга со 256 страници и убави слики, која има ист формат како ова списание, ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на една од адресите на 5. страница.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.