ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/07 стр. 30
  • „Голем придонес за медицината“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Голем придонес за медицината“
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Сѐ поголема побарувачка за бескрвна медицина и хирургија
    Разбудете се! 2000
  • Имаш право да избереш
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Квалитетни алтернативи за трансфузијата
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 9/07 стр. 30

„Голем придонес за медицината“

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

Насекаде во светот е познато дека Јеховините сведоци избираат да се лекуваат без крв. Некои луѓе ги критикуваат за овој нивен став кој се темели на Библијата. Сепак, во тиражниот мексикански весник Reforma, беше цитиран д-р Анхел Херера, главен хирург во Државниот институт за онкологија, кој изјави: „Сведоците не се глупави. А не се ни фанатици... [Тие] имаат дадено голем придонес за медицината со тоа што ги поттикнуваат лекарите да размислуваат како да штедат крв“.

Пред 15 години, д-р Херера состави тим од анестезиолози и хирурзи кои ќе вршат операции без трансфузија. Д-р Исидро Мартинез, анестезиолог во тимот, го рече следново: „Кога исправно се дава анестезија, може да се применат сите постапки за да не се губи крв. На тој начин можеме да им помогнеме на Јеховините сведоци и да го почитуваме нивниот религиозен став“.

Во Reforma од октомври 2006 год., беше кажано дека има над 30 методи на лекување кои можат да се користат наместо трансфузија. Некои од нив се каутеризација на крвните садови, ставање врз органите посебна газа која испушта хемиски супстанции што го запираат крвавењето и експандери на волуменот.a

Д-р Моисес Калдерон, главен кардиохирург во Општата болница „Ла Раза“ во градот Мексико, редовно врши операции без да користи трансфузија. За Reforma тој изјави: „Трансфузијата не е без последици. Постои ризик пациентот да се зарази со некој вирус, бактерија или паразит. Освен тоа, може да дојде до алергиска реакција, која ќе влијае врз работата на бубрезите и на белите дробови“. Со оглед на овие ризици, д-р Калдерон рече: „Ние сите пациенти ги оперираме како да се Јеховини сведоци. Се трудиме да има што помало крвавење, да се надомести изгубената крв и да користиме лекови кои помагаат пациентот помалку да крвави“.

Во весникот беа цитирани зборовите од Дела 15:28, 29, на кои Јеховините сведоци го засноваат својот став. Во овие стихови апостолите ја дале следнава заповед: „Светиот дух и ние решивме да не ставаме никакво додатно бреме на вас, освен ова што е неопходно: да се воздржувате од она што е жртвувано на идоли, од крв, од удавено и од блуд“.

Службата за болнички информации во подружницата на Јеховините сведоци во Мексико известува дека во земјата има 75 Одбори за контактирање со болниците во кои се вклучени 950 доброволци кои контактираат со лекарите и им даваат информации во врска со постапките кои служат како замена за трансфузија. Околу 2.000 лекари во Мексико се спремни да ги лекуваат Јеховините сведоци без трансфузија. Сведоците многу ја ценат соработката со овие лекари кои сега се во подобра положба да им помогнат и на пациентите што не се Сведоци.

[Фуснота]

a Разбудете се! не се залага за некое конкретно бескрвно лекување, затоа што смета дека тоа е работа на личен избор.

[Слика на страница 30]

Д-р Анхел Херера

[Слика на страница 30]

Д-р Исидро Мартинез

[Слика на страница 30]

Д-р Моисес Калдерон

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели