ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/07 стр. 8-9
  • Наскоро свет без катастрофи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Наскоро свет без катастрофи
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Слушај го Бог и живеј!
  • Сигурна надеж за мртвите
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • Воскресението — надеж за мртвите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Смртта не е крај на сѐ!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Вистинска надеж за твоите најмили што умреле
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 9/07 стр. 8-9

Наскоро свет без катастрофи

ЗЕМЈОТРЕСИ, војни, глад и болести — ова се некои од работите кои, како што прорекол Исус, ќе бидат обележје на „свршетокот на овој поредок“, во кој живееме ние денес (Матеј 24:3, 7, 8; Лука 21:7, 10, 11). Се разбира, овие работи не се Божји дела. Ниту Исус, ниту неговиот Татко, Јехова Бог, не се одговорни за нив.

Но, Бог ќе биде одговорен за она што ќе дојде по претскажаните настани, а тоа е Божјето Царство — небесна влада со која управува Исус Христос — и уништувањето на сите што не сакаат да се подложат на владеењето на Јехова (Даниел 2:44; 7:13, 14). Потоа, Земјата ќе биде претворена во спокојно и безбедно место каде што никој повеќе нема да се плаши од природни катастрофи. Тогаш во потполна смисла на зборот ќе се исполни Божјето ветување: „Мојот народ ќе живее во мирни престојувалишта, во безбедни живеалишта, во почивалишта каде што никој нема да ги вознемирува“ (Исаија 32:18).

Слушај го Бог и живеј!

Како што беше објаснето во претходната статија, ако ги слушаме предупредувањата, тоа може да ни го спаси животот. Истото важи уште повеќе кога станува збор за предупредувањата што Бог ни ги дал во Библијата. Тој ветува: „Кој ме слуша мене, ќе биде спокоен и ќе живее мирно, и нема да се плаши од зло“ (Изреки 1:33).

Јеховините сведоци со сите сили се трудат да го слушаат Бог така што редовно ја читаат неговата вдахновена Реч и живеат според нејзините учења. Тие те повикуваат да им се придружиш. Да, сите што го слушаат Јехова нема зошто да се плашат од иднината и од злото што ќе ги снајде злобните. Наместо тоа, можат да очекуваат вечен живот во рајот на Земјата, каде што „ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).

[Рамка на страница 8]

УТЕХА ЗА УЖАЛЕНИТЕ

Дали некој твој близок загинал во природна катастрофа или во некоја друга несреќа? Пред речиси 2.000 години, Лазар, близок пријател на Исус, умрел млад. Кога чул за тоа, Исус отишол во Витанија, селото на Лазар, и го разбудил од смртниот сон во кој ‚заспал‘ (Јован 11:1-44).

Исус не го направил ова чудо само за да покаже дека го сака Лазар и неговото семејство туку и за да го поткрепи своето ветување дека, кога ќе биде Цар, ќе ги воскресне „сите оние што се во гробовите“ (Јован 5:28, 29). И навистина, во рајот што доаѓа Исус ќе ги избрише сите неволји кои се последица од бунтот во градина Еденa (1. Јованово 3:8).

[Фуснота]

a Библиски совети за тоа како да се бориме со тагата кога ќе ни почине некој близок и подетална разработка на ветувањето за воскресение има во брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш, издадена од Јеховините сведоци.

[Рамка/слика на страница 9]

ЕДЕН ЗЕМЈОТРЕС МИ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ

ВО 1971 год., бев млада мајка и имав цел да станам оперска пејачка. Во 1957 год., се преселив од родниот град Винипег (Манитоба, Канада) за да бидам поблизу до Холивуд (Калифорнија, САД) и да ѝ се посветам на мојата прва љубов — музиката.

Секое лето, девет години по ред мајка ми, која е Јеховин сведок, доаѓаше од Канада на гости кај мене. Тие прилики ги користеше и за да ми зборува за Библијата. Беше уверена дека Библијата ги содржи најдобрите совети за среќа во семејството и во животот. Ја сакав мајка ми и ја слушав од почит. Но, секојпат кога ќе си заминеше, ги фрлав списанијата и книгите што ќе ми ги оставеше, зашто бев сигурна дека мојот живот оди по правиот пат.

Тогаш, едно рано февруарско утро, во 1971 год., ме разбуди заглушувачка бука и силно тресење. Имаше земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала. Преплашена, се стрчав во собата на син ми и ми олесна кога го видов како лежи мирно во креветчето. Кога престана тресењето, видов дека подот е прекриен со искршено стакло и со разни работи што испопаѓале од шкафовите. Дворот беше целиот накиснат од водата што се изли од базенот. Иако дома никој не беше повреден и сите бевме на сигурно, не можев да заспијам.

Мајка ми ми имаше зборувано за „последните денови“ во кои ќе има „силни земјотреси“ (2. Тимотеј 3:1; Лука 21:7-11). Тоа лето таа повторно дојде, но не донесе библиски публикации. Си мислела дека, штом по девет години сведочење нема никаков резултат, значи дека мене тоа не ме интересира. Колку само се излажа овојпат! Од моментот кога пристигна, ја преплавив со еден куп прашања. Одеднаш пеењето и славата веќе не ми беа многу важни.

Уште истата седмица појдов со неа на состаноците во Салата на Царството во наша близина и оттогаш ретко пропуштам некој состанок. Мајка ми договори некој да доаѓа за да ја проучува Библијата со мене. Се крстив во 1973 год. и сега поминувам во просек по 70 часови месечно објавувајќи им ја на луѓето добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). Интересно, наместо да ми ја скрши верата во Бог, тој земјотрес ми помогна да ја изградам. (Раскажала Колин Еспарса.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели