ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/07 стр. 32
  • Помогна за една училишна задача

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помогна за една училишна задача
  • Разбудете се! 2007
Разбудете се! 2007
g 10/07 стр. 32

Помогна за една училишна задача

Во едно стручно средно училиште во Германија учат голем број ученици по потекло од други земји. Има ученици од Виетнам, Грузија, Индија, поранешна Југославија, Јужноафриканската Република, Либан, Полска, Русија, Украина и Франција.

Една ученичка го напиша следново: „Еднаш се бараше доброволец за да изнесе некоја тема пред целиот клас и јас се пријавив. Ја избрав темата ‚Практични одговори на прашањата што си ги поставуваат младите‘ на темел на книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. На учениците многу им се допаднаа темите и убавите совети што се наоѓаат во книгата.

Кога завршив со излагањето, ме наградија со силен аплауз. Бидејќи сите тие учат странски јазици и добро знаат англиски, раздадов 30 книги на англиски, а на професорката ѝ дадов книга на германски“.

Следните неколку дена, оваа средношколка водела и други разговори за библиски теми со некои од соучениците, и доста од нив биле заинтересирани. Им оставила и други библиски публикации на арапски, бенгалски, виетнамски, грузиски, полски, руски и шпански.

Можеби и ти познаваш некој млад човек на кого би му помогнала книгата Младите прашуваат. Во неа има 39 поглавја, а некои од нив се: „Како можам да стекнам вистински пријатели?“, „Што е со предбрачниот секс?“ и „Како да знам дали е тоа вистинска љубов?“ Можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на една од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели