ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/07 стр. 29
  • Неизбришлив доказ за Божјата љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Неизбришлив доказ за Божјата љубов
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Длабоко размислувај за Јеховината неизмерна љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • ”Гледај, сѐ ново создавам!“
    „Гледај! Сѐ ново создавам!“
  • Дали постои Бог? Зошто е важно да го дознаеме одговорот?
    Разбудете се! 2015
  • Како да се препознае вистинската религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 11/07 стр. 29

Неизбришлив доказ за Божјата љубов

СЕДУМТЕ светски чуда на древниот свет биле наречени така затоа што со својата велелепност ги оставале луѓето без здив. Но, освен пирамидите, денес од овие споменици нема ни трага. Од друга страна, пак, Библијата, иако била напишана на распадливи материјали и од страна на скромни луѓе, сѐ уште постои и точно е пренесена. Можеме да имаме потполна доверба во оваа уникатна книга (Исаија 40:8; 2. Тимотеј 3:16, 17).

Бидејќи Јехова Бог ги поттикнал луѓето да ги запишат неговите мисли, тој се погрижил тие да не бидат променети кога ќе се пренесуваат од колено на колено. Освен тоа, поради едноставниот јазик што го користеле писателите кои Бог ги избрал, Библијата можат да ја разберат дури и луѓе што не се многу образовани (Дела 4:13). Зарем не би го очекувале тоа од Творецот и од неговите вдахновени секретари? Покрај овие работи, тоа што Библијата е достапна насекаде е доказ дека Бог многу ги сака луѓето што ги создал, сеедно каде живеат или на кој јазик зборуваат (1. Јованово 4:19). Всушност, фактот што Библијата може да се најде насекаде, не ѝ ја намалува вредноста, напротив, ѝ ја зголемува!

Содржината на Библијата дава уште посилен доказ за Божјата љубов. Како што видовме во претходните статии, Божјата реч објаснува како сме настанале, зошто животот е толку краток и полн со проблеми и дека Бог ќе ја реши ситуацијата со посредство на своето Царство. Исто така, разгледавме некои извонредни библиски совети кои ни помагаат да имаме среќен и исполнет живот уште сега (Псалм 19:7-11; Исаија 48:17, 18). Пред сѐ, научивме како Творецот ќе си го исчисти името од сите лаги со кои го извалкал Сатана (Матеј 6:9).

Која друга книга е толку корисна и практична за нашето време, и која друга книга нуди таква светла надеж за измаченото човештво? За разлика од седумте светски чуда на древниот свет, од кои повеќето биле изградени за да се величаат лажни богови или моќни луѓе, Библијата навистина е неизбришлив доказ дека Јехова несебично ги сака луѓето што ги создал.

Ако сѐ уште не си го испитал Светото писмо, зарем не мислиш дека вреди да го сториш тоа? Моментално, Јеховините сведоци бесплатно поучуваат над шест милиони луѓе за Библијата. За нив е чест што можат да им помогнат на луѓето што ја сакаат вистината да се уверат дека навистина можат да ѝ веруваат на Библијата, вдахновената Божја реч (1. Солуњаните 2:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели