Живот по смртта — што навистина учи Библијата?
Таа не нѐ учи за многу работи што некои тврдат дека стојат во неа. На пример, не нѐ учи:
◼ дека Бог ќе ги награди сите добри луѓе со живот на небото
◼ дека треба да им се оддава чест на починатите роднини со посебни ритуали
◼ дека мртвите можат да им наштетат или да им помогнат на живите
◼ дека луѓето имаат бесмртна душа — доктрина што им е заедничка на многу религии и на која се темелат голем број небиблиски учења како, на пример, мачење во пекол или реинкарнација.
Меѓутоа, она што навистина го учи Библијата е утешно и прекрасно, а објаснето е на јасен и едноставен начин во книгата на сликава. Можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на една од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.