Книга за сите луѓе
Која книга со право заслужува ваков опис? Една жена во Колорадо (САД) ја добила брошурата со наслов Книга за сите луѓе, која во кратки црти покажува што содржи Библијата и зошто е важно секој да ја прочита. Во нејзиното писмо, со кое ја изразува својата благодарност за брошурата, стои:
„Просто уживав во читањето! Ја прочитав од прва до последна страница. Никако не ми се оставаше. Ги опфаќа најинтересните факти за Божјата реч и јасно покажува дека Библијата не се коси со науката. Брошурава покажува како Библијата била преведувана за да можат да ја читаат сите луѓе и на кој начин била зачувана“.
Библијата е навистина книга над книгите — не постои друга книга во историјата што го надминала нејзиниот тираж. Иако е довршена пред околу 2.000 години, таа е научно точна, а нејзините учења се многу практични и во нашево време.
Можеш да ја нарачаш оваа брошура со 32 страници ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на една од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата на сликава.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.