ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/08 стр. 32
  • По препорака на наставничката

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • По препорака на наставничката
  • Разбудете се! 2008
Разбудете се! 2008
g 10/08 стр. 32

По препорака на наставничката

◼ Каде можат младите да најдат добри совети? На 13-годишната Керен од Италија многу ѝ се допаднала книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. Неодамна ѝ се укажала можност да им каже на своите сокласници колку е одушевена од неа.

Таа објаснува: „Одам во осмо одделение. На часовите дискутиравме за проблемите вообичаени за тинејџерите. Еден ден наставничката ми пријде и ми рече дека чула дека нашите публикации им помагаат на младите. Ме замоли, ако е можно, да ѝ донесам литература, па така ѝ ја дадов книгата Младите прашуваат.

По неколку дена, таа го употреби 10. поглавје, со наслов: ‚Колку е важен изгледот?‘, како темел за дискусија. Ни зададе дури и домашна задача на темел на прашањата за дискусија на крајот од поглавјето. Таа рече: ‚Книгава е толку добра! Штета што ја немате сите‘.

Спомнав дека можам да донесам по еден примерок за секој што е заинтересиран. Се пријавија 16 души. Кога им ги разделив книгите, дури и оние што на почетокот не беа заинтересирани рекоа дека се премислиле и дека и тие би сакале да ја имаат!“

Други поглавја од книгата Младите прашуваат носат наслов: „Зошто сум толку депресивен?“, „Како да знам дали е тоа вистинска љубов?“, „Зошто да ѝ речам не на дрогата?“ и „Како можам да ги контролирам моите навики на гледање ТВ?“ Можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.

□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели