ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/08 стр. 22-23
  • Река што тече обратно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Река што тече обратно
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто тече обратно?
  • Корисни поплави
  • Куќи на колци и на пловни платформи
  • Величествениот Меконг
    Разбудете се! 2006
  • Пловните острови од езерото Титикака
    Разбудете се! 1994
  • Богатствата на најголемото езеро во Средна Америка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Бајкал — најголемото езеро во светот
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 10/08 стр. 22-23

Река што тече обратно

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КАМБОЏА

СИ ВИДЕЛ ЛИ некогаш река што тече обратно или шума што лежи под вода половина година? Дали си знаел дека некои луѓе живеат во пловни куќи што мора да се преместуваат од едно место на друго бидејќи водата под нив се повлекува? Ако не ти се верува дека такво нешто постои, посети ја Камбоџа во дождовна сезона.

Секој ден, од средината на мај па сѐ до октомври, јасното утринско небо потемнува, а попладне паѓаат обилни врнежи од дожд. По земјата, која претходно е сува и правлива, потекува вода, а реките се излеваат од своето корито.

Зошто тече обратно?

Погледни ја картата. Забележи го местото на кое реката Тонле Сап се влева во силната река Меконг. Откако овие две реки ќе се спојат, по кратко време повторно се делат на две реки — реката Басак и реката Меконг. Тие, пак, течат понатаму кон југ низ Виетнам и, на крајот, завршуваат во огромната делта на Меконг.

Кратко откако ќе почне дождовната сезона, пониските места од делтата се поплавени. Надојдената вода ги преплавува сувите речни корита на притоките. Бидејќи монсунските дождови ја преполнуваат, реката Тонле Сап почнува да тече кон север наместо во својата вообичаена насока кон југ, па така преполнетата река тече обратно и се влева во езерото Тонле Сап.

Ова езеро лежи во една рамнина на околу 100 километри од Пном Пен, главниот град на Камбоџа. Во сушната сезона, езерото има површина од околу 3.000 квадратни километри. Но, во дождовната сезона, неговата површина се зголемува за четири до пет пати и станува најголемото езеро во Југоисточна Азија.

Местата на кои претходно имало оризови полиња, патишта, дрвја и села, сега се под вода. Рибарите, чии чамци пловеле во вода длабока само 1 метар, сега пловат над врвовите на дрвјата во вода што е длабока и до 10 метри! На други места, ваквите големи поплави обично се сметаат за катастрофа. Но, за Камбоџанците тие се најчесто благослов. Зошто?

Корисни поплави

Кога тече обратно, реката Тонле Сап таложи богати наноси во басенот Тонле Сап. Освен тоа, во езерото, кое е идеална средина за мрестење бидејќи е богато со хранливи материи, пливаат многу риби што ги носи реката Меконг. Всушност, езерото Тонле Сап е еден од најбогатите извори на слатководна риба во светот. По дождовната сезона, тоа се празни толку брзо што рибарите понекогаш „ловат “ риби заплеткани во дрвјата!

Овие годишни поплави создаваат еден динамичен екосистем. Дрвјата и другите растенија на плавното земјиште имаат поинаков циклус на растење од оние на подрачја без поплави. Едно тропско дрво расте обично бавно. Во сушна сезона, лисјата му паѓаат, а во дождовна сезона растат. За разлика од нив, на дрвјата во месноста Тонле Сап не им паѓаат лисјата сѐ додека не се најдат под вода кога ќе заврнат поројните дождови. Во дождовната сезона, дрвото расте побавно, наместо да расте побрзо. Откако водата ќе се повлече и ќе почне сушната сезона, гранките пуштаат пупки, а лисјата брзо растат. Кога езерото ќе се испразни, на земјата остануваат гнили лисја што ги хранат дрвјата и другите растенија за време на претстојната сушна сезона.

Куќи на колци и на пловни платформи

А што да се каже за луѓето? Некои од овдешните жители ги градат своите мали домови на колци. Во сушната сезона, овие куќи може да се најдат на висина од 6 метри. Но, во време на најголемите поплави, во рибарските чамци и големите метални вангли, кои понекогаш се користат за превоз на деца, може да се влезе од самиот праг.

Другите жители живеат во куќи изградени врз пловни платформи. Ако семејството се прошири, се проширува и платформата, и куќата се доградува. Се проценува дека во езерото има околу 170 пловни села.

Дење, во водата можат да се видат и млади и стари риболовци со риболовна опрема. Бидејќи нивото на водата постојано се менува, некои куќи, па дури и цели села, се преместуваат неколку километри, и така остануваат близу до новиот брег или до местата со повеќе риба.

Некои долги кануа стануваат дуќанчиња или пловни пазари кои го снабдуваат локалното население со основни прехранбени продукти, а служат и како „автобуси“. Учениците посетуваат настава во пловни училишта. Сѐ живо, од растение до човек, го следи ритамот на реката што тече обратно.

[Карта на страница 23]

(Види во публикацијата)

Сушна сезона

Дождовна сезона

КАМБОЏА

Тонле Сап Ез.

Тонле Сап

Меконг

ПНОМ ПЕН

Басак

Делтата на Меконг

ВИЕТНАМ

[Слика на страница 23]

Момче што весла по реката Тонле Сап

[Слики на страница 23]

Фотографии од истото село во сушна и во дождовна сезона

[Извори на слики на страница 23]

Карта: на темел на NASA/Visible Earth imagery; фотографии од селото: FAO/Gordon Sharpless

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели