Случајно или создадено?
Навигацискиот систем на пеперутката
◼ Со својот мозок кој не е поголем од зрнце афион, пеперутката монарх знае како да стигне од Канада до една шумичка во Мексико, што е растојание од околу 3.000 километри. Како успева да го најде патот?
Размисли: Монархот има свој внатрешен „компас“ кој се ориентира според положбата на Сонцето. Но тоа не е сѐ. Овој инсект се служи со еден многу прецизен биолошки часовник кој „мери“ циклуси од по 24 часа и му помага да го држи исправниот правец, и покрај постојаното движење на Сонцето. Невробиологот д-р Стивен Реперт вели дека кај пеперутката монарх „овој механизам функционира многу поинаку отколку кај сите инсекти и животни што досега се истражувани“.
Научниците сакаат да дознаат повеќе за тоа како монархот го мери времето бидејќи тоа може да им помогне подобро да разберат како функционира овој биолошки часовник кај човекот и кај другите животни. Тоа може да помогне и да се најдат нови методи на лекување на невролошките растројства. „Ме интересира како мозокот ги обработува информациите за времето и просторот, а монархот може многу да помогне за да се дојде до одговорот“, вели Реперт.
Што мислиш? Дали сложениот навигациски систем кај пеперутката монарх настанал случајно или е доказ за интелигентен Творец?
[Графикон/карта на страница 10]
(Види во публикацијата)
Пеперутката монарх знае како да стигне од Канада до една шумичка во Мексико, што е растојание од околу 3.000 километри
[Карта]
КАНАДА
САД
МЕКСИКО
МЕКСИКО
[Извор на слика на страница 10]
Фотографија: © Fritz Poelking/age fotostock