Ја излечила „една многу стара книга“
◼ Додека ги посетувала луѓето, една жена од Бразил (Јужна Америка), која е Јеховин сведок, наишла на друга жена која ѝ спомнала дека нејзината свекрва оздравела со помош на една книга. Од љубопитност, првата жена прашала која е таа книга. „Тоа е една многу стара книга“, рекла втората и ѝ ја донела Мојата книга со библиски приказни, која била многу излитена.
Таа објаснила дека свекрва ѝ имала депресија и толку многу се плашела од смртта и од темница што никако не станувала од кревет. Нејзиниот внук ја добил книгата Библиски приказни и почнал да ѝ ја чита. Таа била толку охрабрена од она што ѝ го читал тој што успеала да го надмине својот проблем.
Жената која е Сведок ѝ рекла: „Кога ѝ реков дека таа книга ја печатат Јеховините сведоци и дека можам да ѝ набавам нова, жената ме замоли да ѝ донесам две — една за свекрва ѝ, а една за неа. Кога ѝ ги донесов, таа побара уште. Зеде вкупно 16 примероци за нејзините пријатели!“
И ти можеш да добиеш примерок од Мојата книга со библиски приказни, во која има 116 приказни за библиски личности и настани. Во изминативе 30 години откако оваа книга беше објавена, отпечатени се повеќе од 72 милиони примероци. За да ја нарачаш, доволно е да го пополниш купонот подолу и да го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.