ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/08 стр. 18
  • Уникатен одбранбен механизам

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Уникатен одбранбен механизам
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Сензорите на еден бумбар
    Разбудете се! 2012
  • Оклопот на бубачката Cyphochilus
    Разбудете се! 2009
  • Хидрофиличните покрилци на еден бумбар
    Разбудете се! 2012
  • Способноста за навигација на бумбарот лепешкар
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 12/08 стр. 18

Случајно или создадено?

Уникатен одбранбен механизам

◼ Два рода бубачки од фамилијата на тркачите кои се помали од 2 сантиметра имаат уникатен одбранбен механизам. Кога ќе се најдат во опасност, овие инсекти од задниот дел на телото прскаат жешка и смрдлива течност и пареа, со што можат да одбијат напад на пајаци, птици, па дури и на жаби.

Размисли: Овие бубачки се наоружани со „еден пар жлезди кои имаат отвор на задниот дел од абдоменот“. Секоја жлезда има резервоар каде што се собира едно кисело соединение и водород пероксид, како и комора во која се одвиваат хемиски реакции и која содржи ензими растворени во вода. За да се заштитат, овие инсекти можат да го истиснат растворот од резервоарите во коморите, при што настанува хемиска реакција. Кој е резултатот? Кон напаѓачот се распрснуваат смрдливи хемикалии, вода и пареа на температура од 100°С. Иако нивните комори не се поголеми од 1 милиметар, овие бубачки можат да ја регулираат брзината и насоката на распрскувањето, како и концентрацијата на нивната отровна супстанција.

Истражувачите ги проучуваа ваквите бубачки со цел да произведат поефикасни и поеколошки спрејови. Тие открија дека овие инсекти имаат залистоци кои ги насочуваат состојките кон комората во која се одвива хемиската реакција и не дозволуваат да се вратат назад, но и залисток кој овозможува да се исфрли содржината, и тоа само под доволно силен притисок. Инженерите се надеваат дека ќе можат ваквиот механизам да го применат кај автомобилските мотори, кај противпожарните уреди, како и кај инхалаторите и други слични медицински уреди. Професор Анди Макинтош од Универзитетот во Лидз (Англија) ја даде следнава изјава: „Никој освен нас не ја проучувал оваа бубачка од гледна точка на физиката или инженерството. Се изненадивме кога сфативме колку можеме да научиме од неа“.

Што мислиш? Дали сложениот хемиски процес и системот од залистоци во телото на овие бубачки настанале случајно или биле создадени?

[Извор на слика на страница 18]

Oxford Scientific/photolibrary

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели