ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/08 стр. 28
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Разговарај со децата за алкохолот
    Совети за семејствата
  • Прекумерното пиење и здравјето
    Разбудете се! 2005
  • Да се скинат прангите на прекумерното пиење
    Разбудете се! 2005
  • Злоупотреба на алкохол во бракот
    Совети за семејствата
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 12/08 стр. 28

Писма од читателите

Ги раскинав прангите на алкохолот (мај 2007) Вашето списание го читам одвреме-навреме, кога ќе ми го донесат Сведоците. Мислам дека статиите во него се многу охрабрувачки во споредба со депресивните вести на телевизија и во весниците. Никогаш не сум бил алкохоличар, но имам роднини и пријатели кои се борат со овој проблем. Човекот спомнат во статијата вели дека престанал да пие за три месеци, иако претходно бил алкохоличар цел живот. Му честитам за успехот, но морам да кажам дека неговиот случај е многу нереален и мислам дека може да ги обесхрабри оние што се борат со ваквата зависност. Пред да се излечи, еден типичен алкохоличар обично неколку пати попушта на искушението да пие.

Џ. Е., САД

„Разбудете се!“ одговара: Немавме намера да оставиме впечаток дека е лесно да се прекине со пиењето. Се сложуваме дека многумина од оние што се борат со зависност од алкохол по неколку пати попуштаат на искушението да пијат. Дури и оние што прекинуваат одеднаш и повеќе не се зависници мораат многу да внимаваат за да не ѝ се вратат на старата навика. Затоа, како што беше спомнато во оваа статија, откако апстинирал десет години, овој поранешен алкохоличар признава: „Мнозина не знаат каква тешка борба водам и дека е доволен само еден пијалак за пак да му се вратам на стариот живот. Сѐ уште чувствувам желба за алкохол. Потребни ми се горливи молитви и цврста решеност за да соберам сила да кажам ‚не‘“. Многумина успеале да ги раскинат прангите на алкохолот бидејќи му се молеле на Бог за помош (Псалм 55:22).

Можеш ли да ѝ веруваш на Библијата? (ноември 2007) Имам 12 години и сакам да ви се заблагодарам за ова многу интересно и информативно специјално издание на Разбудете се! Посебно ми се допадна делот на 7. страница во врска со внатрешниот склад на Библијата. Во него беа спомнати некои работи за кои никогаш не сум размислувала. Со нетрпение го очекувам следниот број!

Д. Ф., САД

Размисли Сакам да ви се заблагодарам за новите карактеристики на Разбудете се! Прашањата на крајот од некои статии ми се од голема помош. Тие ми помагаат да ги запомнам информациите и длабоко да размислувам за темата. Поради брзото темпо на живот, можеме да испуштиме многу важни и охрабрувачки мисли додека читаме.

М. А. С., Бразил

Дали со смртта завршува сѐ? (декември 2007) Пред шест месеци, мајка ми загина во една трагична несреќа. Оваа статија многу ме охрабри бидејќи ми ја зајакна верата дека ќе можам да ја видам повторно кога ќе воскресне. Многу ви благодарам.

Л. Л. Р., Бразил

Младите прашуваат... Зошто да се држам за библиските мерила? (ноември 2007) Си мислев дека воопшто не е погрешно да имам дечко ако не вршам неморал со него. Но, не ми беше доволно само да бидеме заедно. Почнаа да ми се јавуваат неисправни телесни желби. Многу ви благодарам што овие библиски учења ги изнесовте на начин што им помага на неискусните млади лесно да ги разберат.

Е. Ф., Јапонија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели