„Најдобрата книга за светските религии“
◼ Една професорка во средно училиште во Канада имала тешка задача да им предава на своите ученици за неколкуте различни религии во тој крај. Откако ја прочитала книгата Потрагата на човештвото по Бог, одушевено рекла: „Ова е најдобрата книга за светските религии која некогаш сум ја прочитала!“ Таа била толку импресионирана што побарала и успеала да добие дозвола од управата на училиштето да ја користи книгата на час.
Професорката била спремна да патува повеќе од 500 километри до подружницата на Јеховините сведоци во Канада за да набави 40 примероци. Меѓутоа, некои Сведоци од нејзиното место со задоволство ѝ ги однесоа. Книгата им се допаднала на учениците толку многу што голем број од нив сакале да имаат личен примерок.
Оваа книга може да ти помогне и тебе да ги разбереш верувањата на луѓето од твоето место. Во неа се разработени потеклото, историјата и учењата на поголемите религии во светот, како што се хиндуизмот, будизмот, таоизмот, конфучијанизмот, шинтоизмот, јудаизмот, исламот и христијанството.
Книгата Потрагата на човештвото по Бог содржи слики во боја и има 384 страници. Можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Потрагата на човештвото по Бог.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.