Децата многу ја сакаат!
◼ Деца од сите возрасти се одушевени од книгата Учи од Големиот Учител. Едно девојче напишало: „Оваа книга ми се допадна од неколку причини. Како прво, сите слики во неа се многу убави. Тие се многу привлечни бидејќи имаат толку живи бои. Додека ја читам книгата, внимателно ги разгледувам сликите за да видам како се поврзани со приказната.
Ми се допаднаа и зборовите кои се користат бидејќи можам лесно да ги разберам и ми помагаат уште повеќе да уживам во читањето.
Многу ми се допаѓа начинот на кој се зборува во книгата за некои од денешните проблеми и за тоа како можеме да ги избегнеме. Особено ми се допаднаа поглавјата со наслов ‚Треба да им се спротивставиме на искушенијата‘, ‚Поука да бидеме љубезни‘ и ‚Дали секогаш сакаш да бидеш прв?‘“
Оваа книга со 256 страници, која содржи прекрасни слики и има ист формат како ова списание, можеш да ја нарачаш ако го пополниш долниот купон и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликата Учи од Големиот Учител.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.