ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/09 стр. 32
  • „Бдејте!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бдејте!“
  • Разбудете се! 2009
Разбудете се! 2009
g 6/09 стр. 32

„Бдејте!“

Обласен конгрес на Јеховините сведоци

◼ Илјадници вакви тридневни конгреси, кои започнаа да се одржуваат во САД на 22 мај, ќе продолжат да се одржуваат низ целиот свет во текот на следните неколку месеци. Секој ден, програмата ќе започне во 9.20 часот со музички вовед. Темата во петок, која се темели на Матеј 24:44, гласи: „Бидете подготвени“. Откако претседавачот ќе ја отвори програмата, ќе следат говорите „Конгресите ни помагаат да бдееме“ и „Јехова — Богот кој ги одредува ‚времињата и раздобјата‘“. Потоа, од циклусот „Угледај се на верните Божји слуги кои останале будни“, ќе дознаеме каков пример ни дале Ное, Мојсеј и Еремија. Претпладневната програма ќе заврши со клучното предавање: „Како Јехова ни помага да ‚бдееме‘“.

Првиот говор во петок попладне е: „Одговор на некои прашања за ‚последните денови‘“, а потоа ќе следат говорите „,Не го знаете ниту денот ниту часот‘ — зошто?“ и „Знајте дека крајот е близу“. Потоа ќе следи циклусот од шест дела со наслов: „Семејства, ‚останете будни‘!“ Првите три дела се наменети за сопрузите, сопругите и децата, а другите три дела се со наслов: „Задржете едноставно око“, „Поставувајте си духовни цели“ и „Добро користете ја вечерта за Семејно проучување“. Попладневната програма ќе заврши со говорот: „Стихови што нѐ поттикнуваат на будност“.

Темата на програмата во сабота е: „Бидете трезвени, бдејте!“, а се темели на 1. Петрово 5:8. Циклусот со наслов: „Помогни им на луѓето да се ‚разбудат‘“, се состои од следниве пет дела: „Нашата служба — зошто е толку важна?“, „Биди прониклив во службата“, „Постојано подобрувај ги своите вештини“, „Не заборавај ги роднините!“ и „Служи со постојано чувство на итност!“ По говорите „Угледај се на Исус и остани буден“ и „Не занемарувајте ја молитвата“, програмата ќе заврши со говорот за крштавање, по кој ќе се крстат оние што ги исполнуваат условите за тоа.

Во текот на попладневната програма ќе има циклус од пет дела со наслов: „Чувај се од стапиците на Сатана!“ — „Од огнот“, „Од јамата“, „Од замката“, „Од стапицата што може да те задуши“ и „Од стапицата што може да те скрши“. Потоа ќе следи посебниот говор со наслов: „Сѐ додека дишам, нема да отстапам од својата непорочност!“ Програмата овој ден ќе заврши со говорите „Не обѕрнувај се ‚на она што е одзади‘“ и „Учи како да бдееш од апостолите на Исус“.

Темата на програмата во недела гласи: „Чекај го... Нема да задоцни“, а се темели на Авакум 2:3. По еден говор поврзан со темата за тој ден, ќе следи циклусот: „Гледај го она што не се гледа“ во кој ќе бидат обработени следниве теми: „Десетте рогови... ќе ја замразат блудницата“, „Народите ќе мора да признаат дека Јехова е Севишен Бог“, „Бог... ќе ја избрише секоја солза“, „,Сите други царства‘ ќе бидат уништени“, „Ѓаволот ќе биде врзан за илјада години“, „Ќе градат куќи и ќе садат лозја“, „Волкот и јагнето ќе пасат заедно“, „Сите оние што се во гробовите... ќе излезат“ и „Бог ќе им биде ‚сѐ на сите‘“. Претпладневната програма ќе заврши со говорот: „Како да го преживееш крајот на светот?“

Многу интересен дел од попладневната програма во недела е современата трогателна драма: „Овој твој брат беше мртов и оживе“, која се темели на Исусовата споредба за расипничкиот син. По резимето на седмичното проучување на Стражарска кула, конгресот ќе заврши со говорот: „Будно чекај го Јеховиниот ден!“

Уште сега направи планови за да присуствуваш на овој конгрес. За да дознаеш каде најблизу ќе се одржи, контактирај со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. На некои места ќе се одржат и четиридневни меѓународни конгреси. Во нашето придружно списание Стражарска кула од 1 март се наведени локациите на кои ќе се одржат конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели