Еволуција или создавање — која е вистината?
◼ Наставничката по биологија ја замолила Аспен, едно девојче од Мексико кое тогаш имало 12 години, да објасни пред своите соученици од VII одделение зошто верува во создавање наместо во еволуција. За да одговори на тоа прашање, Аспен објаснила дека секој организам има совршен дизајн, што покажува дека постои дизајнер и творец. Бидејќи знаела дека родителите на Аспен се геолози, наставничката ѝ рекла да подготви и да изнесе говор за тоа дали пронајдените фосили потврдуваат дека сѐ е создадено.
Следниот ден, Аспен понела на училиште неколку фосили и им покажала на своите соученици дека меѓу фосилните остатоци не се пронајдени докази за постепени промени. Таа објаснила и дека секоја група фосили се појавува во различна геолошка етапа и дека со тоа се потврдува извештајот од 1. Мојсеева во кој се зборува за деновите на создавање.
Нејзиниот говор го слушал и директорот на училиштето, кој ја пофалил Аспен што верува во создавањето и што е спремна да го брани ова свое верување. Наставничката коментирала дека создавањето разјаснува сѐ, а еволуцијата нема одговор на многу прашања. Потоа Аспен им оставила на наставничката, на соучениците и на директорот литература во која се дадени научни докази за создавањето.
Си се прашал ли некогаш дали постои цврста научна основа да веруваме во Творец и, ако постои, дали има некаква причина да веруваме дека се грижи за нас? Те поттикнуваме да ја прочиташ книгата со 256 страници Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
Можеш да ја нарачаш ако го пополниш долниот купон и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата што е на сликата.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.