ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/09 стр. 28
  • Столб среде морето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Столб среде морето
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Единственото Мртво Море
    Разбудете се! 2008
  • Фали го Јехова, нашиот Бог!
    Пејте му фалби на Јехова
  • Душата според Библијата
    Што ни се случува кога ќе умреме?
Разбудете се! 2009
g 9/09 стр. 28

Столб среде морето

◼ Си видел ли некогаш воден виор наречен „морска пијавица“? На 25 декември 2005 год., „морска пијавица“ се појави во близина на брегот на Тахити. Овој вител од ветер и вода се вртеше 30-ина минути меѓу морето и небото. Изгледаше како висок бел столб во облик на инка, кој полека се распрснуваше и, на крајот, исчезна.

Некои ги нарекуваат „морските пијавици“ водни торнада, но тие обично се послаби од торнадата. Повеќето траат 10-ина минути, но знаат да потраат и цел час. Бидејќи се формираат на море, ваквите појави можат да се забележат само случајно, па затоа метеоролозите немаат можност да ги набљудуваат и да ги разберат во потполност. Според очевидците, „морските пијавици“ прават силна бучава слична на товарен воз.

Еден библиски псалмист од старо време го опишал својот душевен немир со следниве зборови: „Водна бездна на водна бездна ѝ довикува со шумот на твоите водопади“ (Псалм 42:7). Според некои речници, хебрејскиот збор преведен со „водопади“ може да се однесува и на водните виори наречени „морски пијавици“. Ако е така, оваа природна појава добро ги опишува чувствата што ги имал псалмистот. Тој рекол дека душата му е „очајна“ и „немирна“, но и дека нашол утеха кај Бог. „Чекај го Бог“, ѝ рекол на својата душа, „зашто јас и понатаму ќе го фалам како свој голем спасител и како свој Бог!“ (Псалм 42:11).

Можеби и ние како псалмистот минуваме низ тешкотии што се слични на морски виори. Но, ако го чекаме Бог, тој ќе биде наш голем спасител.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели