ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/10 стр. 9
  • Одвој време за поважното

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одвој време за поважното
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Секогаш изобилно вработени
    Нашата служба за Царството 1995
  • Зошто Јеховините сведоци проповедаат од куќа до куќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Божјето Царство — дали ја сфаќаш неговата смисла?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 4/10 стр. 9

Одвој време за поважното

„Преостана малку време“ (1. Коринќаните 7:29)

„АКО некој само скока во водата и се шлапка, не значи дека плива“, пишува Мишел ле Беф во својата книга Работи рационално (Working Smart).

Со други зборови, едно е да се биде активен, а сосема друго е да се постигне нешто вредно. Анализирај ја минатата седмица. За што си одвои време? За што не ти остана време? Треба ли да одвоиш повеќе време за она што навистина ти значи?

Размисли за пророштвото што го дал Исус за нашево динамично време. Тој рекол дека, додека наближува крајот на овој свет и почетокот на Божјиот праведен нов свет, неговите ученици ќе бидат зафатени. Но, со што? Ќе ја проповедаат ‚оваа добра вест за Божјето царство‘. Исус рекол дека повеќето луѓе ќе немаат време за да слушаат. Ќе бидат преокупирани со секојдневните работи. Тој додал дека оние што се премногу зафатени, и поради тоа не ѝ обрнуваат внимание на пораката за Царството, ќе бидат уништени (Матеј 24:14, 37-39; Лука 17:28-30).

Денес, Јеховините сведоци ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство во повеќе од 230 земји. Во склад со пророштвото на Исус, многумина не сакаат да ги слушаат, велејќи дека „немаат време“. Иако си зафатен, те поттикнуваме да одвоиш време за да испиташ што вели Библијата за Божјето Царство. Се надеваме дека, кога ќе дознаеш колку убави работи ќе направи Бог за луѓето, ќе увидиш колку е важно да се слуша библиската порака и да се живее според неа и колку вреди да се одвои време за тоа.a

[Фуснота]

a Поопширно објаснување можеш да добиеш ако стапиш во контакт со Јеховините сведоци во најблиската Сала на Царството, ако пишеш на соодветната адреса на 5. страница или ако ја посетиш нашата веб-страница www.watchtower.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели