ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/10 стр. 3
  • Лажен пријател

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лажен пријател
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Зошто да се прекине со пушењето?
    Разбудете се! 2000
  • Што треба да знам за пушењето?
    Разбудете се! 2011
  • Што треба да знам за пушењето?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како можете да прекинете
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 5/10 стр. 3

Лажен пријател

Овој „пријател“ си го запознал уште како млад. Ти давал чувство дека си позрел и навидум ти помагал да се вклопиш во друштво. Секогаш кога си бил под стрес, бил тука за тебе. Всушност, во многу ситуации си зависел од него.

Но, со текот на времето, на површина излегле и неговите лоши страни. Инсистира постојано да биде со тебе, дури и кога, поради него, на некои места не си добредојден. Точно е дека можеби ти дава поголема самодоверба, но по цена на твоето здравје. Згора на тоа, ти краде од платата.

Неодамна се обиде да го раскинеш пријателството со него, но тој не ти дозволува. На некој начин, станал твој господар. Посакуваш никогаш да не сте се запознале.

МНОГУ пушачи имаат ваков однос со својата цигара. Ерлин, која 50 години била пушач, вели: „Цигарата ми значеше повеќе од кој и да е човек. Таа не ми беше само стар пријател — таа беше мојот единствен пријател“. Но, како што увидела Ерлин, цигарата не само што не е вистински пријател туку е и опасен непријател. Всушност, може да се каже дека зборовите од уводот важат и за Ерлин, но со еден исклучок. Кога дознала дека Бог не го одобрува пушењето, бидејќи тоа го загадува нашето тело кое е дар од Него, таа прекинала со оваа навика (2. Коринќаните 7:1).

Френк исто така решил да престане со пушењето за да го израдува Бог. Но, ден-два откако ја испушил последната цигара, западнал во толку голема криза што почнал да лази барајќи догорчиња меѓу штиците од патосот. „Тоа ме свести“, вели Френк. „Се згадив самиот од себе кога сфатив дека сум спремен да ползам по подот на сите четири барајќи стари догорчиња. Оттогаш не сум запалил ниту една цигара.“

Зошто е толку тешко да се престане со пушењето? Истражувачите откриле неколку причини: 1) Тутунот предизвикува исто толку силна зависност колку и дрогата. 2) Вдишаниот никотин стигнува до мозокот за само седум секунди. 3) Пушењето станува составен дел од животот на едно лице бидејќи редовно се поврзува со јадењето, пиењето, разговорот, намалувањето на стресот итн.

Но, искуството на Ерлин и Френк покажува дека е можно да се прекине со оваа штетна зависност. Ако пушиш, но би сакал да престанеш, наредните статии можат да бидат пресвртница во твојот живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели