„Сеопшта недоверба“
Во Западна Африка, едно 12-годишно момче лежи во болнички кревет. Тоа е жртва на фалсификуван лек против маларија што неговата мајка го купила во аптека. „Веќе 15 години имаме проблем со лажните лекови“, вели еден тамошен лекар.a
Родителите на едно новороденче од Азија беа шокирани кога дознаа дека таканареченото збогатено млеко со кое го хранеа содржело опасна состојка. За жал, бебето умре.
Еден почитуван американски бизнисмен ги олеснил своите клиенти за десетици милијарди долари! Илјадници лица сфатија дека останале без средствата од својот пензиски фонд и дека се жртви на „најголемата измама на векот“.
ВО ДЕНЕШНИОВ свет, довербата на секој човек, порано или подоцна, е изиграна. Дури и светската економска криза се должи главно на една „сеопшта недоверба“, како што тоа го изразува весникот Le Monde.
Што придонесува за денешнава „сеопшта недоверба“? Има ли некој во кого можеш да имаш доверба?
[Фуснота]
a Објавено во парискиот весник Le Figaro.