ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/10 стр. 6-9
  • Луѓе достојни за доверба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Луѓе достојни за доверба
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Користа од високите морални вредности
  • Доверливи, иако се сиромашни
  • Бог кој ја заслужува нашата доверба
  • Биди чесен во сѐ
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Биди достоен за доверба
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Биди чесен во сѐ
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Чесноста — пат до вистинскиот успех
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 10/10 стр. 6-9

Луѓе достојни за доверба

Еден таксист од Аргентина по име Сантијаго не се двоумел. Кога во неговото такси била заборавена торба, тој едноставно му ја вратил на сопственикот. Ова би можело да изгледа како обичен љубезен гест ако не се земе предвид дека во торбата имало повеќе од 32.000 американски долари!

ЗАМИСЛИ СИ светот да е полн со луѓе во кои можеш да имаш доверба? Колку поинаков би бил животот! Би можел да ѝ го довериш своето дете на некоја бебиситерка без никаков страв. Во твојот дом не би биле потребни ни клучеви ни брави на вратите. Дали ова е само сон?

Користа од високите морални вредности

За себе и за сите други христијани, апостол Павле го рекол следново: „Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18). Јеховините сведоци се трудат да живеат според ова начело. Нивна цел е да ги покажуваат особините за кои зборува Библијата во Исаија 33:15: „Оној што секогаш постапува праведно и го зборува она што е право, одбива неправедна добивка добиена со измама, ги истресува рацете да не примат мито“. Како некои успеале во тоа?

● ,Зборувај го она што е право.‘ Еден Јеховин сведок по име Доминго работи на плантажа со кокосови ореви на Филипините. „Многу луѓе не се чесни кон работодавците“, вели тој. „На пример, тие не им кажуваат точно колку вреќи кокосови ореви собрале. На тој начин, можат скришно да продадат неколку вреќи и парите да ги задржат за себе.“

Доминго и неговото семејство за малку ќе биле истерани од плантажата затоа што не сакале да лажат во врска со количината на производството. Меѓутоа, Доминго вели: „Му кажавме на работодавачот дека нема да лажеме дури и ако тоа значи дека ќе бидеме избркани. На крајот, тој рече дека Јеховините сведоци се добри луѓе во кои може да се има доверба, и ни даде да обработуваме додатно земјиште“.

● ,Одбивај неправедна добивка.‘ Пјер, кој работи како главен даночник во една област во Камерун, имал многу можности да дојде до пари на лесен начин. На почетокот, кога требало да им дели плата на сезонските работници, забележал дека нешто не е во ред. „На платниот список беа лица чиј договор за работа прекинал или кои во меѓувреме починале“, вели Пјер. „Не ни помислував да ги користам овие пари. Напротив, водев прецизна евиденција, а документите и парите што ми преостануваа ги чував во сеф.“

Што се случило на крајот? Пјер вели: „По две години, беше извршена контрола. Се гордеев што можев да покажам точна евиденција и да ја вратам соодветната сума, која дотогаш беше прилично голема. Ревизорите срдечно ја пофалија мојата чесност“.

● ,Не примај мито.‘ Откако Рикардо почнал да работи како нотар во Рио де Жанеиро, неговите странки често му нуделе мито. „Во една прилика“, се присетува тој, „еден адвокат се обиде да ме поткупи. Без да знам, ми испратил це-де плеер. Во тоа време, це-де плеерите само што излегоа на пазарот и беа луксуз.“

Што направил Рикардо? „Јас и жена ми решивме воопшто да не го распакуваме подарокот“, вели тој. „Отидов во канцеларијата на адвокатот, кој беше крајно изненаден, и го ставив спакуваниот плеер на неговото биро. Тоа беше добра прилика да му објаснам зошто му го враќам. Неговата секретарка беше посебно одушевена од мојата постапка.“

Иако не се единствените што се трудат да бидат чесни, Јеховините сведоци како група се познати како доверливи луѓе. Од таа причина, еден синџир продавници за облека неодамна нудеше работа само за Јеховини сведоци. Комерцијалниот директор ја даде следнава изјава: „Секаде може да се најдат чесни луѓе, но Јеховините сведоци имаат принципи и се држат за нив“.

Доверливи, иако се сиромашни

За многу луѓе, сиромаштијата ја оправдува нечесноста. На пример, во еден извештај на Си-Ен-Ен се зборуваше за едно 14-годишно момче од Нигерија кое ги ограбува другите преку интернет. „Немам друг избор“, се правда ова момче. „Се трудам да го прехранам семејството — сестра ми, мајка ми и татко ми. Човек мора да живее од нешто.“

Се разбира, Библијата не им ветува богатство на оние што се чесни, но им гарантира дека секогаш ќе го имаат најосновното. Во Исаија 33:16 стои следново: „Леб ќе добива, вода нема да му недостасува“.

Меѓутоа, некој би можел да праша: „Како ќе им помогне чесноста на луѓето во екстремно тешки околности? Што е со оние кои немаат ни за леб?“

Ќе ја земеме за пример Берти, вдовица од Камерун која на својата мала тезга продава грицки од маниока, кои се викаат миандо. Таа вели: „По традиција, во секој врзоп има по 20 стапчиња миандо. Продавачите обично ставаат само по 17-18 парчиња, но јас не би сакала да печалам со измама“.

Дали Берти заработува многу? Не секогаш. „Многу често, по цел ден не успевам да продадам ништо“, вели таа. „Но кога ги замолувам другите што продаваат храна да ми дадат да јадам бидејќи не продадов ништо, тие ми даваат бидејќи знаат дека ќе им платам веднаш штом ќе добијам пари. Со текот на времето, стекнаа доверба во мене.“

Бог кој ја заслужува нашата доверба

Доверба стекнуваме во оној што постапува во склад со своите зборови. Во врска со Бог, еден водач на древниот Израел по име Исус Навин го рекол следново: „Не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што... ги даде Јехова... Сѐ се исполни“ (Исус Навин 21:45). Дали и ние имаме добри причини да му веруваме на Бог?

Божјите ветувања се толку веродостојни што тој ги споредува со дождот (Исаија 55:10, 11). И навистина, што би го спречило дождот да падне, да ја натопи земјата и да предизвика од неа да никнат растенија? Ништо! Уште помалку постои сила што може да го спречи исполнувањето на Божјите ветувања.

Едно од овие ветувања е запишано во 2. Петрово 3:13, каде што стои: „Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја во кои ќе живее праведноста“. Бог има намера да ги отстрани од Земјата сите што ги искористуваат другите. Би сакал ли да дознаеш повеќе за тоа како Бог ќе ја оствари својата намера? Можеш да стапиш во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или да пишеш на најблиската адреса наведена на 5. страница од ова списание.

[Рамка/слика на страница 8]

ЧЕСНОСТА Е НАГРАДЕНА

Еден Јеховин сведок на Филипините по име Лусио ќе можел да стане нечесен. Тој нашол 27.500 американски долари во еден стар шкаф во канцеларијата што требало да ја чисти. И канцеларијата и парите му припаѓале на неговиот шеф, кој тогаш бил на службено патување. „Прв пат во животот видов долар!“ вели Лусио.

Кога шефот се вратил, Лусио му ги дал парите. Што се случило потоа? „Добив поголеми одговорности“, вели Лусио. „Всушност, шефот ми даде и соба во која ќе можам да живеам со целото мое семејство. Иако животот на Филипините е тежок, уверен сум дека Јехова Бог се грижи за нас затоа што ги држиме неговите закони.“

[Рамка/слика на страница 9]

ЧЕСНА ВАГА

Штандот на Моиз, кој продава риби, е прочуен на пазарот во Дуала (Камерун). Тој вели: „Мојата мала тезга си ја викам Вага бидејќи, од целиот пазар, мојата вага е една од ретките кои не се ‚дотерувани‘. Свесен сум дека луѓето редовно ме проверуваат. Ако ми побараат еден килограм риба, им мерам еден килограм. Тие секогаш успеваат да го измерат ќесето и на друго место, каде што вагата покажува повеќе од килограм! Тогаш се сигурни дека не сум се обидел да ги измамам! Многу луѓе ми имаат речено: ‚Кај  тебе доаѓаме затоа што си чесен‘“.

[Слика на страница 7]

„Му кажавме на работодавачот дека нема да лажеме дури и ако тоа значи дека ќе бидеме избркани“ (Доминго, Филипини)

[Слика на страница 7]

„Ревизорите срдечно ја пофалија мојата чесност“ (Пјер, Камерун)

[Слика на страница 7]

„Еден адвокат се обиде да ме поткупи... Јас и жена ми решивме воопшто да не го распакуваме подарокот“ (Рикардо, Бразил)

[Слика на страница 7]

Многу често, Берти по цел ден не успева да продаде ништо. Но тогаш другите што продаваат храна ѝ даваат да јаде бидејќи знаат дека ќе им плати веднаш штом ќе добие пари

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели