Случајно или создадено?
Јазикот на колибрито
● Истражувачите вршат анализи на многу мали количини крв, ДНК и други супстанции врз стакленца со големина на дланка. Притоа користат различни пумпички и смукалки за да ги придвижат ситните капки, но ваквите методи не се доволно ефикасни. Постои ли подобар начин да се пренесуваат течности во толку мали размери? Според д-р Џон Буш од Технолошкиот институт во Масачусетс, „природата веќе ги решила овие проблеми“.
Размисли: Наместо напразно да троши сила да го шмука нектарот од цветовите, колибрито ги користи кохезивните сили кои ги држат заедно молекулите на водата во капка. Кога ќе ја допре површината на нектарот, јазикот на колибрито се свиткува и добива облик на многу тенко цевче, низ кое нектарот самиот се качува до неговата уста. На овој начин, тоа може да повлече нектар од цветот и до 20 пати во секунда!
Забележано е дека ваков јазик имаат и некои приморски птици кои пијат вода на сличен начин. Коментирајќи за оваа способност, проф. Марк Дени од Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија (САД) го вели следново: „Станува збор за извонредна комбинација од инженерство, физика и применета математика... Кога би му дал задача на некој инженер или математичар да измисли начин на кој една птица би пиела вода, ни во сон не би се сетил на оваа метода“.
Што мислиш? Дали малиот јазик на колибрито — со неговата способност да собира нектар брзо и ефикасно — настанал случајно или е дело на мудар Творец?
[Извор на слика на страница 23]
© Richard Mittleman/Gon2Foto/Alamy