Библијата — која е нејзината порака?
● Библијата е најраспространетата книга на сите времиња. Луѓе од сите култури во неа нашле утеха, надеж и практични совети. Но, многумина знаат малку за оваа извонредна книга.
Возбудливиот краток осврт даден во брошурата Библијата — која е нејзината порака?, која има прекрасни слики во боја, може да ти помогне да ја разбереш Библијата. Првите два дела од оваа брошура зборуваат за рајот што Бог го создал за луѓето и како бил изгубен тој рај. Понатаму учиме за намерата на Творецот да го обнови Рајот преку Божјето Царство, небесната влада под власта на Исус Христос.
Во следните делови е разгледан животот на Исус — неговата служба, неговите чуда, неговата смрт и неговото воскресение. Дознаваме и нешто повеќе за храбрите ученици на Исус, како и за нивните вдахновени списи кои станале дел од Библијата што ја имаме денес.
Насловот на последниот, 26. дел од брошурата е „Земјата станува рај!“ Претпоследната страница со убави слики има наслов „Пораката од Библијата — краток преглед“. Во неа е дадено резиме на седум важни настани од исполнувањето на Божјата намера со човештвото.
За да добиете примерок од оваа брошура со 32. страници, едноставно пополнете го овој купон и испратете го на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата што е на сликата.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.