ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/11 стр. 21
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Биолошка разновидност во Амазонија
  • Стрес на работното место
  • И размислувањето за видеоигри создава агресивност?
  • Треба ли да играм компјутерски или видеоигри?
    Разбудете се! 1996
  • Смеам ли да играм видеоигри?
    Разбудете се! 2008
  • Дали оние што играат се во опасност?
    Разбудете се! 2003
  • Дали да играм видеоигри?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 8/11 стр. 21

Поглед во светот

По извршената анализа било утврдено дека 95 отсто од 5.296-те таканаречени еколошки производи во Канада и во САД „не ги задоволуваат барањата за еколошки производ“ (TIME, САД).

При рендгенскиот преглед на багажот на една жена, луѓето од обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Бангкок „се посомневале дека нешто не е во ред“. Кога отвориле една од нејзините торби, во неа нашле младенче од тигар под седативи (СВЕТСКА ФОНДАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА, ТАЈЛАНД).

Биолошка разновидност во Амазонија

Амазонскиот басен е еден од регионите со најголема биолошка разновидност во светот. Според еден извештај на Светската фондација за заштита на природата, во последните 10 години во овој регион беа откриени и класифицирани повеќе од 1.200 видови растенија и животни — риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи. Ова значи дека во просек на секои три дена во Амазонија се открива по еден нов вид. „Просто неверојатно е колкав број нови видови се откриваат“, вели Сара Хачисон, координатор на оваа Фондација во Бразил, „а овој број не ги опфаќа и многуте групи инсекти кои се откриени.“

Стрес на работното место

Една петтина од Финците сметаат дека проблемите со концентрацијата и помнењето влијаат врз нивната ефикасност на работното место. Според еден извештај на Финскиот институт за трудова медицина, такви проблеми сѐ почесто имаат лицата помлади од 35 години, возраст на која мозокот би требало да функционира најдобро. Меѓу факторите што придонесуваат за тоа се наведуваат преоптовареноста со информации и постојаните промени во компјутерските системи. „Многу луѓе мислат дека се толку преоптоварени со информации што им е тешко да одредат што е неопходно за нивната работа“, вели проф. Кити Милер. Во весникот Helsinki Times стои: „Ако стресот трае подолго време, мозокот се навикнува на него и организмот може повеќе да не нѐ предупредува кога притисокот е преголем. Барем сѐ додека здравјето сериозно не ни се влоши“.

И размислувањето за видеоигри создава агресивност?

Кога некој игра насилни видеоигри, колку долго останува кај него агресијата? Истражувачите им дале задача на неколку студенти од двата пола 20 минути да играат насилни или ненасилни видеоигри. Потоа, на половината од секоја група им било кажано да размислуваат за играта. „Следниот ден“, стои во извештајот, „студентите се натпреварувале со замислен противник, а победникот можел да го казни противникот пуштајќи му заглушувачки звук во слушалките.“ Зголемената агресивност била очигледна кај момчињата на кои им било кажано да размислуваат за насилната видеоигра. „Луѓето што сакаат насилни игри обично играат подолго од 20 минути и имаат навика да размислуваат за играта“, изјавија за списанието Social Psychological and Personality Science луѓето што работеа на ова истражување. Кај девојките, кои општо земено не сакаат насилни видеоигри, не биле забележани некои позначајни резултати.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели