ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 3
  • Погодени од големата рецесија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Погодени од големата рецесија
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Дали се исплаќа да влегувате во долгови?
    Разбудете се! 1995
  • Кога си во долгови до гуша
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали да позајмам пари?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 3

Погодени од големата рецесија

„НАЈТЕШКАТА економска криза по Големата депресија.“ Во Encyclopædia Britannica Online вака беше опишана рецесијата што неодамна го погоди светот. Падот во економијата, што најпрво ги зафати САД во 2007 год., беше толку драстичен и погоди толку многу земји што доби и свое име, Големата рецесија.

Што ја предизвика оваа рецесија? Списанието Newsweek даде многу едноставен одговор: „Лудилото на неодговорно земање кредити“. Но, зошто луѓето ги зафати лудило да земаат кредити, да купуваат работи што не можат да ги платат?

Веројатно ќе се сложиш дека за тоа беше одговорен светскиот економски систем кој поттикнува на алчност. Всушност, негова парола беше: „Купувај! Купувај! Купувај!“ без разлика дали можеш да платиш за тоа или не. „Една цела генерација научи, но на потешкиот начин, колку е опасно премногу да позајмуваш“, објаснува економистот Крис Фарел во својата книга Новата штедливост (The New Frugality).

Многу земји го почувствуваа стисокот на Големата рецесија. Минатата година, на насловната страница на јужноафриканскиот весник Sunday Times стоеше следново: „Иако има знаци на закрепнување, потрошувачите... сѐ уште се мачат да врзат крај со крај“. Весникот понатаму вели дека „речиси 3.000.000 потрошувачи [во Јужноафриканската Република] доцнат со плаќањето на сметките повеќе од три месеци, а во изминативе две години околу 250.000 од вработените со просечна плата останаа без работа“.

Во последниве години, десетици милиони луѓе беа отпуштени од работа. Во врска со знаците на закрепнување во САД, весникот Financial Times саркастично забележа: „Закрепнувањето на економијата од јуни 2009 год. наваму може да се нарече ‚Големото разочарување‘“. Во весникот уште пишуваше: „Многу економисти сметаат дека, затоа што треба да се исплатат долговите, економскиот напредок ќе биде спречен во наредните неколку години“.

Ако и ти си жртва на Големата рецесија, сигурно се согласуваш со она што писателот Дејвид Бирт го напишал во еден есеј: „Многу се зборува за светските финансиски проблеми, но нема многу совети за тоа како да се решат тие проблеми“.

Целта на следните статии е да им помогне на оние што се борат со долгови. Ќе бидат разгледани овие прашања: Кои се користите од штедењето? Што можеш да направиш ако имаш долгови? Како да научиш подобро да управуваш со парите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели