ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 15
  • „Јас не умрев“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јас не умрев“
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Што се случува кога некој ќе умре?
    Одговор на библиски прашања
  • Што се случува по смртта?
    Разбудете се! 2007
  • Духовите не живееле и не умреле на Земјата
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
  • Има ли надеж за мртвите?
    Добра вест од Бог!
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 15

„Јас не умрев“

„Не стој крај мојот гроб и не плачи,

не сум таму.

јас не умрев.“

● Овие стихови се превод на заклучниот дел од една позната поема на англиски јазик. Можеби си ја чул и како песна. Изминативе неколку децении, оваа поема утешила многу луѓе низ целиот свет. Низ годините им била припишувана на различни поети. Некои дури тврделе дека е погребна молитва на индијанското племе Навахо.

Пред неколку години, оваа поема стана хит песна во Јапонија, но мнозина и ги збуни. Јапонците често одат на семејната гробница за да им оддадат почит на роднините за кои се смета дека сѐ уште живеат таму. Поради тоа што оваа песна кажува нешто друго, мнозина се запрашаа: „Каде се мртвите?“

Погребите, бдеењата и помените долго време се дел од традицијата на будистите во Јапонија. Но, повеќето будисти не можат да одговорат на прашања како: Каде се мртвите? Дали оние што умреле, а припаѓале на друга религија или народ, одат на исто место? Зошто мртвите не контактираат со нас?

Мнозина сметаат дека нема одговор на овие прашања и дека е само губење време да се бараат одговорите. Но, ти можеби сепак се прашуваш: ‚Што се случува кога човек ќе умре?‘ Каде може да се најдат одговорите? Библијата вели дека Бог ги создал првите луѓе совршени и дека им дал прекрасна градина како дом. Доколку му биле послушни, ќе можеле засекогаш да живеат во рајски услови на Земјата. Но, не биле.

Затоа Бог презел нешто. Ги истерал од рајската градина и престанал да ги одржува во живот. Потоа им објаснил какви последици ќе имаат поради својата непослушност: „Зашто си земја и во земја ќе се вратиш“. Човекот бил направен од земниот прав, и на крајот — кога ќе умре — повторно се враќа во земја (1. Мојсеева 2:7; 3:19, Превод на МПЦ).

Еден човек од градот Кофу во Јапонија, кој одржува една голема гробница, рекол: ‚Во гробницата ставам пепел и коски. По околу пет или десет години, ги снемува‘. Нашето тело се состои од елементи што ги има во почвата, кои со текот на времето се разложуваат и повторно стануваат земја. Тогаш, останува ли нешто од нас?

Иако по смртта луѓето не се свесни за ништо, нашиот Творец, кој е свесен дури и за секое врапче кое умира, со голема љубов памти сѐ за нас (Матеј 10:29-31). Како што ветил, тој ќе нѐ воскресне, односно повторно ќе нѐ врати во живот. Тој, така да се каже, ќе нѐ разбуди од смртниот сон (Јов 14:13-15; Јован 11:21-23, 38-44).

Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе на оваа тема, слободно пиши до уредниците на ова списание, кои со задоволство ќе ти дадат дополнителни информации, или посети ја нашата веб-страница www.watchtower.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели