ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/11 стр. 13-15
  • Што велат родителите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што велат родителите
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Може ли Библијата да ти помогне во воспитувањето на твоите деца?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Периодот пред пубертет
    Разбудете се! 2011
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Како да ги воспитувате децата
    Твоето семејство може да биде среќно
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 10/11 стр. 13-15

Што велат родителите

Додека растат децата, како можеш да им помогнеш да сфатат колку е важна послушноста? Како да ги научиш на практични работи што ќе им користат во животот? Еве што рекле некои родители од разни делови на светот.

МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ И ДОМАШНИ ОБВРСКИ

„Кога јадеме заедно како семејство и си раскажуваме што ни се случило дента, децата учат да слушаат. Тоа што гледаат дека и мама и тато стрпливо слушаат, им помага да стекнат поголема почит и кон другите и кон себеси“ (Ричард, Британија).

„Многу нѐ радува кога гледаме дека нашите деца се почитуваат и ги решаваат несогласувањата без да мора ние да се вмешаме. Исто така, не се срамат да зборуваат со возрасни“ (Џон, Јужноафриканска Република).

„Не сум совршена, и понекогаш ненамерно им ги повредувам чувствата на децата. Кога ќе се случи тоа, многу ми е важно да им се извинам“ (Џанел, Австралија).

„Ги учиме децата да помагаат низ дома. Тоа што учат да прават нешто за другите помага да има ред и мир во семејството, а така децата имаат чувство дека и тие даваат свој придонес“ (Клајв, Австралија).

„Не е лесно, но неопходно е да ги научиш децата да се разбираат, да се почитуваат и да си простуваат“ (Јуко, Јапонија).

ХИГИЕНА И ЗДРАВЈЕ

„Кога децата беа мали, ги учевме сами да се капат, но за да им биде интересно им купувавме сапуни во разни форми, шампони со слика од некој лик од цртаните филмови и сунѓери во форма на малечки животни“ (Едгар, Мексико).

„Кога живеевме во место без водовод, гледав секогаш да има сапун и сад со вода на згодно место во куќата за да можеме да ги измиеме рацете веднаш штом ќе влеземе дома“ (Ендјуранс, Нигерија).

„Секој ден им подготвуваме на децата здрави оброци и им објаснуваме зошто е важно да јадат разновидна храна. Децата многу сакаат да знаат што сѐ се става во едно јадење, па затоа ги терам да ми помагаат кога готвам. Така ем минуваме повеќе време заедно ем повеќе разговараме“ (Сандра, Британија).

„Важно е да се биде физички активен и, како родители, се трудиме да оставиме добар пример во тоа. Нашите деца уживаат кога сите заедно трчаме, пливаме, играме тенис или кошарка или кога возиме велосипед. Гледаат дека вежбањето не само што е важно туку е и забавно“ (Карен, Австралија).

„Нешто што најмногу им треба на децата е да бидат со своите родители. Ништо не може да го замени тоа — ни пари, ни подароци, ни скапи патувања. Затоа работам само претпладне, додека децата се на училиште. Така, попладне можам да им се посветам ним“ (Ромина, Италија).

ДИСЦИПЛИНА

„Увидовме дека нема само еден начин на кој можеш да го воспитуваш детето — многу зависи од ситуацијата. Понекогаш е доволно само сериозно и отворено да разговараш со него, а другпат да му ускратиш нешто“ (Огбити, Нигерија).

„Кога ќе им кажеме на децата да направат нешто, ги тераме да ни повторат за да видиме дали нѐ разбрале. Потоа, се држиме за договореното. Ако сакаме нашите деца да научат да следат упатства, мораме и ние да го направиме својот дел со тоа што ќе ги казниме кога нема да послушаат“ (Клајв, Австралија).

„Увидов дека, кога сакам да ги укорам децата за нешто, многу подобро е ако клекнам, зашто така сум на нивно ниво. Тогаш ме слушаат со поголемо внимание. Освен тоа, така ми ги гледаат изразите на лицето, кои кажуваат исто колку и моите зборови (Џенифер, Австралија).

„Се трудиме да не им велиме на децата: ‚Никогаш не ме слушаш кога зборувам‘, дури и ако во конкретниот случај тоа е точно. Исто така, никогаш не ги караме децата едно пред друго. Или ќе им шепнеме или ќе ги тргнеме настрана“ (Руди, Мозамбик).

„Децата лесно потпаѓаат под влијание и сакаат да ги имитираат другите. Затоа мораме некако да го неутрализираме лошото влијание од школските другари, медиумите и околината и да им помогнеме да изградат морални вредности што се темелат на здрави начела. Таквите вредности им помагаат да се спротивстават на сите штетни влијанија“ (Грегоар, Демократска Република Конго).

„Укорот треба да биде цврст, праведен и доследен. Децата мораат да сфатат кои се последиците од лошото однесување и да знаат дека ќе си стоиш на она што си го кажал“ (Овен, Англија).

[Истакната мисла на страница 14]

„Не огорчувајте ги своите деца, за да не станат малодушни“ (Колошаните 3:21)

[Рамка/слика на страница 15]

СЕМЕЕН ПРОФИЛ

Самохран родител

Интервју со Лусинда Форстер

Што ти е најтешко како самохран родител?

Самото тоа што си родител веќе е тешко, но како самохран родител посебно ми е тешко да најдам време и сила за сѐ. Од една страна ти треба време за да всадиш морални вредности кај децата, а од друга треба да најдеш време и кога ќе се опуштите и ќе се смеете заедно. Честопати морам да си скратам од одморот за да успеам да ги завршам домашните работи.

Како одржуваш добра комуникација со ќерките?

По разводот, децата обично чувствуваат несигурност и гнев. Сфатив дека, кога ќе настанат проблеми, многу е важно да ги гледаш децата в очи и да зборуваш смирено. Чекам сите да се смириме, и потоа објаснувам што ме загрижува мене, без да кревам многу врева. Ги прашувам што мислат тие, ги слушам многу внимателно додека зборуваат и покажувам дека навистина ме засега како се чувствуваат. Се интересирам како им е на училиште и ги пофалувам. Секогаш јадеме заедно во мирна и опуштена атмосфера. И постојано им кажувам дека многу ги сакам.

Што правиш кога треба да ги казниш за нешто?

На децата треба да им се постават јасни правила кои не се менуваат и важат за сите. Се трудам да бидам љубезна, но цврста. Морам да им објаснам зошто некоја конкретна постапка не е на место. Исто така, пред да ги казнам, се трудам со прашања да дојдам до причината зошто ја направиле грешката. Ако за нешто не сум во право — на пример, ако нешто сум разбрала погрешно — се извинувам.

Како ги поучуваш децата да ги почитуваат другите?

Им свртувам внимание на она што го кажал Исус — да се однесуваат со другите онака како што би сакале тие да се однесуваат со нив (Лука 6:31). Ги поттикнувам ќерките колку што е можно сами да си ги решаваат несогласувањата и им кажувам дека е многу важно да возвратат благо и љубезно кога се изнервирани.

Како се забавувате?

Не можеме секогаш да си дозволиме да одиме на одмор, па затоа низ весниците бараме нешто што не е многу скапо. Понекогаш си правиме пикник или одиме во некој расадник за да ги разгледаме растенијата. Во дворот садиме разни билки и уживаме да бираме кои ќе ги користиме како зачин кога готвиме. Рекреацијата е многу важна, дури и ако тоа значи само да прошетаме низ паркот.

Какви радости и благослови си доживеала?

Не е лесно откако останавме трите, но тоа нѐ зближи и научивме да го цениме она што Бог го прави за нас. Среќна сум што гледам дека моите ќерки се изградуваат како личности. На оваа возраст сакаат да бидат со мене и уживам со нив. Можат да забележат дали сум расположена или не, и понекогаш само ќе дојдат и ќе ме гушнат за да се чувствувам поубаво. Нивната љубов ми го разубавува животот. Што е најважно, многупати сме ја почувствувале љубовта на нашиот грижлив Творец кој ни помогнал во многу тешки ситуации. Библијата ми дава сила да продолжам да се трудам да бидам добар родител (Исаија 41:13).

[Слика]

Лусинда со ќерките Бри и Шеј

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели