ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/11 стр. 20
  • Најславниот Мексиканец

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најславниот Мексиканец
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Дали имаш побожно гледиште за алкохолните пијалаци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Да се служи со цела душа и покрај испитите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Носи мудри одлуки во врска со алкохолот
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Како треба христијаните да гледаат на алкохолот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 11/11 стр. 20

Најславниот Мексиканец

● На почетокот од 16 век, кога стигнале во Мексико, шпанските конквистадори пробале еден локален пијалак наречен пулке, направен од ферментиран сок од растението агава. Слично на пивото, и пулке има низок процент на алкохол. Содржи и растителни протеини, јаглехидрати, витамини и минерали, па затоа во многу делови од Мексико се користи и како додаток во исхраната.

Навикнати со јадењето да пијат алкохолни пијалаци, Шпанците по кратко време почнале да го дестилираат сокот од агава за да добијат појак пијалак, наречен мескал. А овој пијалак е претходник на денешната текила. Денес, во Мексико има десетици дестилерии кои произведуваат над 189 милиони литри текила, од кои 40 отсто се наменети за извоз.

Во сушните планински предели во западниот дел на централно Мексико, претежно во државата Халиско близу градот Текила, по кој пијалакот го добил своето име, се засадени овоштарници со сина агава, сочно растение сродно со семејството кринови.a За да порасне, на растението агава му се потребни 12 години, а во текот на тој процес впива многу минерали. При бербата се сечат шилестите листови, а се остава срцевината во форма на ананас, која се нарекува пиња. Таа е полна со сок, а нејзината просечна тежина е 50 килограми. За да се добие 1 литар текила, потребни се околу 7 килограми пиња.

Многу Мексиканци сакаат да пијат чиста текила, со малку сол и парче лимета. Меѓу странците попопуларна е маргаритата — коктел од текила, сок од лимета и ликер од портокал, кој се служи со кршен мраз во чаша на чиј раб има налепено сол.b Текилата, која се продава во околу 90 земји, со право се смета за најславниот Мексиканец.

[Фусноти]

a Во Мексико има 136 видови агава, а неколку од нив се користат за пулке и други алкохолни пијалаци. Но, текила се прави само од сината агава.

b Библијата не го осудува умереното пиење алкохол (Псалм 104:15; 1. Тимотеј 5:23). Но, ги осудува прекумерното пиење и опивањето (1. Коринќаните 6:9, 10; Тит 2:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели