Случајно или создадено?
Системот за движење на медузата
● Медузите се состојат од најмалку 95 проценти вода, а пречникот може да им биде од 3 сантиметри до преку 2 метра. Многу видови се движат со ритмичко стегање и опуштање на мускулите на нивното ѕвонесто тело, слично како да отвораш и затвораш чадор.
Размисли: Научниците што го изучуваат движењето на гасовите и течностите откриле дека, иако извесни видови медузи не се брзи пливачи, сепак користат многу интересен метод на движење. Со секое стегање на телото, тие создаваат прстенест вител кој го истиснуваат од себе. Енергијата од прстените предизвикува спротивна реакција што ја турка медузата напред, слично како млаз, но не со постојан потисок, туку со ритмички налети на енергија. „Звучи едноставно“, пишува во списанието New Scientist. „Но, создавањето на вителот е многу тешко да се опише математички.“
Научниците го проучуваат системот за движење на медузата за да можат да конструираат поефикасни подводни пловила. Еден истражувач веќе има направено подморница долга 1,2 метри која зад себе остава трага слична како на медузата. Оваа подморница користи 30 отсто помалку енергија отколку стандардните подморници со пропелер. Овие сознанија може да најдат примена и во кардиологијата. Бидејќи при движењето на крвта во секој дел од срцето се создава прстенест вител, неправилните витли може да бидат почетни знаци на срцево заболување.
Што мислиш? Дали системот за движење на медузата е производ на еволуцијата или е дело на мудар Творец?
[Слика на страница 13]
Медузата создава прстенест вител и потоа го истиснува за да предизвика движење
[Извори на слики на страница 13]
Фотографиија: © JUNIORS BILDARCHIV/age fotostock; приказ: Со љубезна дозвола на Sean Colin