ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/12 стр. 4
  • 1. Барај поддршка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Барај поддршка
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Родители — помогнете им на своите деца да го сакаат Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!
    Тајната на семејната среќа
  • Покажи обѕир кон самохраните родители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 11/12 стр. 4

1. Барај поддршка

„Во нашето собрание имаме блиски пријатели кои ни се голема поддршка и ни покажуваат многу љубов. Тие ни се како вистинско семејство“ (ЛИЗАН, МАЈКА НА ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ).

Предизвик

„Некои работи со кои постојано морам да се борам се уморот и да најдам време за сѐ“, вели Алина која има два мали сина. Речиси сите самохрани мајки се борат со вакви предизвици. Од таа причина, многу самохрани родители имаат блиски пријатели од кои можат во секое време да побараат помош без да им биде непријатно.

Предлози

Барај помош од роднини и пријатели во кои можеш да имаш доверба. Би можел да си направиш список со лица од кои би побарал помош, сеедно дали треба некој да ти ги причува децата, да те префрли до некаде, да поправи нешто низ дома или да ти даде емотивна поддршка. Одвреме-навреме проверувај го овој список и направи промени ако е потребно. Провери и каква помош ти следува од државата и од невладините организации.

Рената, која е Јеховин сведок, добива голема помош од сохристијаните. „Тие се секогаш тука за мене“, вели таа. „Еднаш јас и моите две деветгодишни ќеркички фативме грип. Толку ми беше лошо што не можев ни да готвам. Штом другите од собранието дознаа, секој ден доаѓаше некој да ни донесе храна.“ Ваквите љубезни дела нѐ потсеќаат на зборовите запишани во Библијата, во 1. Јованово 3:18: „Дечиња, да не се сакаме ниту со зборови ниту со јазик, туку со дела и со вистина“.

Би можел ли да помогне и другиот родител? Ако другиот родител, обично таткото, има законско право да поминува одредено време со децата и чувствува одговорност и е спремен да помогне, би можела да го поделиш товарот со него. На крајот на краиштата, децата треба да поминуваат време и со својот татко.a

Учи ги децата да помагаат. Кога им даваш на децата задолженија соодветни за нивната возраст, им помагаш и ним и себеси. Работата ги учи децата на одговорност и им всадува добри работни навики кои многу ќе им користат во животот.

a Родителите кои се христијани треба да ги применуваат библиските начела најдобро што можат во дадените околности и да го имаат на ум доброто на децата. Судските одлуки треба да се почитуваат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели