ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/12 стр. 8
  • 4. Постави јасни граници

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 4. Постави јасни граници
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Помогнете им на вашите деца да цветаат
    Разбудете се! 1997
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Како да ги дисциплинираш твоите деца?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Воспитување кое дава добри резултати
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 11/12 стр. 8

4. Постави јасни граници

„Не е лесно сама да подигаш деца — особено кога ќе влезат во тинејџерски години и се под притисок од светот да се бунтуваат против своите родители“ (ДУЛСЕ, ЈАР).

Предизвик

Во Библијата е проречено дека во „последните денови“, децата општо земено ќе бидат „непослушни на родителите“ (2. Тимотеј 3:1, 2).

Предлози

Биди свесна дека „за да напредуваат, децата треба да знаат што очекуваат родителите од нив и кои се правилата“ (The Single Parent Resource, од Брук Ноел). Детскиот и семеен психолог Бери Гинсберг вели: „Односите се подобри и има помалку стрес кога има јасни граници“. Уште додава: „Колку појасни се границите и колку појасно се кажани толку поопуштени се односите“. Како можеш да поставиш јасни граници?

Биди цврст и стој си на зборот (Матеј 5:37). Едно истражување направено во Австралија покажа дека децата често се однесуваат лошо кога родителите не знаат да кажат ‚не‘ и кога постојано им попуштаат. Како што вели Библијата: „Дете распуштено ја срамоти мајка си“ (Изреки 29:15).

Не дозволувај чувствата на вина затоа што си самохран родител да те наведат да станеш попустлив со децата. „Понекогаш, прво ми паѓа жал за моите два сина затоа што растат во дом без еден родител“, вели Јасмин, цитирана претходно. Но, како што ќе видиме, таа не дозволува чувствата, кои во никој случај не се погрешни, да ѝ го замаглат разумот.

Биди доследен. „Кога децата знаат што им следува ако се непослушни и кога родителот доследно ја спроведува казната, тоа може да биде многу важен чекор за да се спречат емоционални проблеми и проблеми во однесувањето кај децата“, пишува во American Journal of Orthopsychiatry. Јасмин вели: „Седнав со моите синови и зборувавме за тоа што ќе морам да преземам ако се непослушни. Кога ќе направат некоја глупост, се трудам да бидам доследна. Сепак, сфатив дека морам прво да ги сослушам и потоа смирено да им објаснам како тоа што го направиле се одразува врз семејството. Дури потоа ја спроведувам казната“.

Биди разумен, не ги карај кога си лут. Точно е дека треба да бидеш цврст во поглед на она што е исправно, но треба да бидеш и флексибилен кога има место за тоа. „Мудроста одозгора“ — т.е. од Бог — е „разумна“, пишува во Јаков 3:17. Разумниот човек не постапува избрзано и не е понесен од чувствата. Освен тоа, не се држи круто за правилата. Наместо тоа, разумниот прво размислува, можеби дури и се моли, и потоа постапува посмирено и соодветно.

Тоа што ќе бидеш доследен, цврст и разумен — и ќе дадеш добар пример — ќе ти помогне да поставиш граници што ќе придонесат твојот дом да биде вистинско засолниште за твоите деца.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели