ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/13 стр. 16
  • Неверојатниот слух на еден штурец

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Неверојатниот слух на еден штурец
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2013
  • Вашиот слух — дар што треба високо да се цени
    Разбудете се! 1998
  • Заштитете го својот слух!
    Разбудете се! 2002
  • Цени ги своите прекрасни дарби
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 10/13 стр. 16
[Слика на страница 16]

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Неверојатниот слух на еден штурец

УШИТЕ на јужноамериканскиот штурец-грмушкар (Copiphora gorgonensis) се пократки од милиметар, но функционираат многу слично како човечките уши. Овој инсект разликува голем број фреквенции на голема оддалеченост. На пример, може да направи разлика меѓу звук на друг штурец и ултразвукот на лилјак во лов.

[Графикон на страница 16]

УВО НА ШТУРЕЦ-ГРМУШКАР

Размисли: Ушите на штурецот се сместени во неговите две предни нозе. Исто како и човечкото уво, увото на овој инсект ги прима звучните дразби, ги обработува и ја анализира нивната фреквенција. Но, во увото на штурецот научниците откриле еден необичен орган — шуплина што личи на издолжен балон исполнета со течност под притисок. Овој орган, наречен акустично меурче, има улога како коскениот полжав (кохлеата) кај цицачите, само што е многу помал. Својот неверојатен слух, штурецот-грмушкар му го должи токму на акустичното меурче.

Професор Даниел Робертс од Универзитетот во Бристол (Велика Британија) вели дека ова откритие ќе им помогне на инженерите „копирајќи ја природата да направат слушни апарати што ќе бидат помали и подобри од сегашните“. Истражувачите веруваат дека откритието ќе придонесе за следната генерација на ултрасонична технологија, вклучувајќи ја и технологијата за разни медицински снимања.

Што мислиш? Дали неверојатниот слух на штурецот-грмушкар настанал случајно или е дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели