ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/13 стр. 8-9
  • Во посета на Бразил

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Бразил
  • Разбудете се! 2013
Разбудете се! 2013
g 12/13 стр. 8-9
[Слика на страница 8]

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Бразил

[Карти на страница 8]
[Слика на страница 9]

Вкусната фејжоада е традиционално бразилско јадење

[Слика на страница 9]

Тукан

СТАРОСЕДЕЛЦИТЕ на Бразил главно биле ловци и земјоделци. Португалските истражувачи ја донеле со себе и католичката религија и, со текот на времето, биле изградени многу цркви. Некои од нив се украсени со дрворези обложени со листови од злато.

Од средината на 16 па сѐ до средината на 19 век, околу четири милиони африкански робови биле донесени со бродови во Бразил за да работат на полињата. Овие робови со себе ги донеле и своите ритуали, од кои се развиле афро-бразилски религии како што се макумба и кандомбле. Африканското влијание е присутно и во музиката, танцот и храната во Бразил.

Традиционалната фејжоада, варијанта на португалски специјалитет, е јадење од мешано месо и црн грав кое се служи со ориз или со разни зелјести растенија. Во 19 и 20 век, пристигнале и милиони доселеници од Европа (главно од Германија, Италија, Полска и Шпанија), од Јапонија и од други делови на светот.

Денес, во Бразил има околу 750.000 Јеховини сведоци во над 11.000 собранија. Тие ја проучуваат Библијата со над 800.000 лица. За да се обезбедат места за состанување, има 31 група со градежни работници кои заедно со локалните Сведоци градат и поправаат од 250 до 300 Сали на Царството годишно. Од март 2000 год. наваму, завршени се 3.647 вакви проекти.

[Слика на страница 9]

Во Амазонскиот басен се наоѓаат најголемите дождовни шуми

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...

Реката Амазон носи поголемо количество вода од која и да било друга река во светот и е долга околу 6.400 километри.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Население: 201.000.000

  • Главен град: Бразилија

  • Јазици: португалски и над 180 домородечки јазици

  • Име: Бразил го добил своето име по варзиловото дрво (Caesalpinia echinata), кое е многу ценето поради црвената боја за текстил што се добива од него

  • Клима: топла и влажна на север, умерена на југ и повремени врнежи од снег на планините во зима

  • Природни обележја: Бразил зафаќа речиси половина од површината на Јужна Америка. Во оваа земја се наоѓа еден од најголемите речни системи во светот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели