ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/14 стр. 14-15
  • Во посета на Италија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Италија
  • Разбудете се! 2014
Разбудете се! 2014
g 1/14 стр. 14-15
Италијанско крајбрежје

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Италија

Карта на Италија

ИТАЛИЈА е земја на контрасти — од долги плажи до карпести планински венци; од жешки лета на југ до студени зими на север. Таа е и земја со вулкани, но само неколку од нив се активни, на пример, вулканот Стромболи и планината Етна.

Италија е една од најгусто населените земји во Европа. Низ неа поминале многу народи, меѓу кои и Арапи, Византијци, Грци, Нормани и Феничани.

Туристи на гондола

Туристи се возат на гондола низ каналите на Венеција

Оваа земја има богато историско и културно наследство. Во многу градови низ Италија сѐ уште гордо стојат урнатини од грчко-римскиот период, како и архитектонски зданија од времето на барокот и ренесансата. Можат да се видат слики, мермерни статуи и фонтани што се оставина на врвни уметници како Бернини, Микеланџело и Рафаело.

Храната игра многу важна улога во животот на Италијанците и многу обичаи се поврзани со неа. Тестенините обично се служат како предјадење, а потоа се послужува месо или риба со зеленчук. Во италијанската кујна многу е застапено маслиновото масло, кое се произведува во големи количини. Познати италијански специјалитети се пицата и рижотото.

Шпагети

Тестенините се неизоставен дел од италијанската кујна

Италијанците се познати како топли, гостопримливи и дружељубиви луѓе. Тие се големи муабетчии и често може да се види како си прават муабет на плоштадите или како живо разговараат додека се шетаат по улиците.

Најголемиот дел од Италијанците се изјаснуваат како римокатолици, но само мал број редовно одат во црква. Во последните децении црквата сѐ повеќе го губи влијанието, а јавноста сѐ помалку обрнува внимание на нејзиниот традиционален став во врска со абортусот и разводот.

Во Италија има голем број Јеховини сведоци. Тие се познати по тоа што ги поучуваат луѓето за Библијата, а и по тоа што живеат според нејзините мерила. Низ земјата има повеќе од 3.000 собранија на Јеховините сведоци. Во многу собранија се прават напори да им се пренесе добрата вест и на луѓето што не зборуваат италијански. Ова е потребно затоа што за само десет години бројот на странци во Италија се зголеми за трипати.

Доломити

Карпестите Доломити се планински венец во североисточна Италија

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...

Иако Ватикан се наоѓа во Рим, тој е независна држава уште од 1929 год. и затоа за Италијанците Ватикан е странско тло.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Население: околу 61.000.000

  • Главен град: Рим

  • Клима: медитеранска на југ, со благи зими и долги, топли лета; алпска на север, со студени зими

  • Природни обележја: претежно планинска земја со крајбрежје долго речиси 7.500 километри

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели