ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/15 стр. 8-9
  • Во посета на Хондурас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Хондурас
  • Разбудете се! 2015
Разбудете се! 2015
g 4/15 стр. 8-9
Крајбрежје на Хондурас

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Хондурас

Карта на Хондурас

ХОНДУРАС на шпански значи „длабочини“. Можеби Кристофер Колумбо го искористил овој збор за да ги опише водните пространства на Атлантскиот Океан крај брегот на оваа земја. Некои велат дека така земјата Хондурас го добила своето име.

Луѓето во Хондурас многу ги ценат верноста и соработката во семејството. На пример, честопати мажот и жената заеднички ги носат поважните одлуки, како што се одлуките поврзани со домашните трошоци или образованието на децата.

Повеќето жители на Хондурас се мелези — потекнуваат од родител од Европа и родител кој е староседелец. Во оваа земја сѐ уште живеат домородни народи, како што се Чортите и Гарифуните.

Музичар од народот Гарифуна удира на дрвен тапан

Музичар од народот Гарифуна удира на дрвен тапан

Гарифуните влечат корени од други места. Тие се потомци на Африканците и карипските Индијанци кои живееле на островот Сент Винсент. Околу 1797 год., Гарифуните пристигнале на островот Ислас де ла Баија. Подоцна, се населиле долж карипскиот брег на Средна Америка. Оттаму се распрснале низ другите делови на Средна и Северна Америка.

Гарифуните многу сакаат да танцуваат во придружба на дрвени тапани. Носат традиционална облека во живописни бои, сакаат да раскажуваат приказни и да јадат ереба (голема, тенка торта направена од корен од маниока).

Во Хондурас има околу 400 собранија на Јеховините сведоци. Се одржуваат состаноци на шпански, англиски, гарифуна, хондурашки знаковен јазик, кинески мандарински и мискито.

Ереба

Ереба — голема, тенка торта направена од корен од маниока

НЕКОИ ФАКТИ

  • Население: 8.111.000

  • Главен град: Тегусигалпа

  • Државно уредување: демократска република

  • Службен јазик: шпански

  • Клима: суптропска, поумерена на планините

  • Природни обележја: преку 75 отсто од подрачјето е планинско; крајбрежјето е низинско, а има и острови

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели