ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/15 стр. 10-11
  • „Бог ни помага да ги залечиме раните“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бог ни помага да ги залечиме раните“
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Заложничка драма
  • По нападот
  • Сила да продолжиме понатаму
  • Бевме заложници за време на затворска побуна
    Разбудете се! 1997
  • Сега го познавам Богот на кој му служам
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Радосна што и покрај тешкотиите воспитав осум деца да му служат на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 5/15 стр. 10-11
Венци кај фискултурната сала во Беслан во спомен на загинатите

„Бог ни помага да ги залечиме раните“

НАТАЛИЈА и нејзиниот деветгодишен син, Аслан, се склопчиле до Зарина и до нејзината дванаесетгодишна ќерка, Анжелика. Повеќе од 1.000 други деца и возрасни седеле едни до други држени во заложништво од тешко вооружени напаѓачи.

Ова се случило во среда на 1 септември 2004 год. Тоа утро, децата и нивните родители биле во школскиот двор за да ја проследат приредбата посветена на првиот училиштен ден во Беслан, гратче во Северна Осетија (Русија). Одеднаш меѓу нив упаднале вооружени лица и бомбаши-самоубијци кои почнале да пукаат во воздух и да викаат на сет глас. Повеќе од 30 напаѓачи ја однеле преплашената толпа луѓе во салата за вежбање и поставиле експлозив околу неа.

Заложничка драма

Следеле тридневни напнати преговори меѓу напаѓачите и полицијата. „Никогаш не сум се молела толку многу“, вели Наталија, која тогаш ја проучувала Библијата со Јеховините сведоци.

Бидејќи било лето, во фискултурната сала станало неподносливо жешко. Вториот ден напаѓачите не им дале на заложниците ниту храна ниту вода. Веќе на третиот ден, петок, некои од заложниците почнале да пијат урина и да јадат од цвеќињата кои децата ги имале донесено за нивните наставнички. Наталија вели: „Детето што седеше до нас ми даде едно ливче од цвеќињата. Јас го скинав на две и им дадов по едно парче на Анжелика и на Аслан“.

Подоцна на третиот ден, настанал голем метеж. Наталија се присетува: „Силната експлозија ме крена во воздух. Насекаде почна да се шири густ чад и да се слушаат пукотници“. Додека траела вооружената престрелка меѓу полициските сили и терористите, Наталија и Аслан успеале да избегаат. Еден локален жител, Алан, им помогнал да побегнат на безбедно. За жал, многу други не успеале да се спасат.

По нападот

Анжелика

Анжелика загинала во страшната трагедија

Стотици деца и возрасни ги изгубиле своите животи. Меѓу нив била и Анжелика. Со седмици во Беслан одекнувал плач и лелек. Станот на Наталија гледа кон училиштето. Иако било изградено ново училиште во близина, Аслан никако не сакал да влезе во него. Тој дури и престанал да оди надвор за да си игра. Наталија вели: „Го молевме Јехова да му помогне да ги надмине своите стравови“. Со текот на времето, Аслан собрал храброст да се врати на училиште.

На Наталија не ѝ било воопшто лесно да оди на состаноците во Салата на Јеховините сведоци. Таа вели: „Кога и да се најдев во затворен простор со многу луѓе, имав чувство дека некој ќе нѐ нападне и се молев да не се случи ништо. По некое време, престанав да одам на состаноците. Исто така, постојано се измачував со мислата дека многу луѓе го изгубија животот, а ние преживеавме“.

Сила да продолжиме понатаму

Наталија вели: „Многу сум им благодарна на Сведоците кои продолжија да ми помагаат. Една од нив беше Татјана која секој трет ден доаѓаше кај мене. Подоцна, со неа доаѓаше и Улијана која исто така беше Сведок. Таа беше љубезна, тактична и мила, а и многу добро ја познаваше Библијата. Улијана ме пофалуваше за трудот што го вложував и вистински ме слушаше кога си го излевав срцето.

„Сега можам да зборувам за тој ден без огорченост и страв“

Ми ги прочита зборовите што ги запишал апостол Павле во 2. Коринќаните 1:9. По прогонството во Азија, Павле рекол: ‚Мислевме дека нѐ чека смртна пресуда‘. Освен тоа, ми ги прочита и зборовите од Исаија 40:31: ‚Оние што се надеваат на Јехова добиваат нова сила. Како орли се подигаат на крилја‘. Ваквите стихови, како и емоционалната поддршка што постојано ми ја даваа Улијана и другите, ми помогнаа повторно да одам на состаноците со моите деца. Сепак, сѐ уште се чувствувам непријатно кога сум во затворен простор со многу луѓе“.

Зарина сега е Јеховин сведок и едвај чека повторно да ја види својата ќеркичка, Анжелика, која ќе воскресне и ќе живее во мир на Земјата под власта на Божјето Царство (Матеј 6:9, 10; Дела 24:15). Наталија и нејзините деца станале Јеховини сведоци во 2009 год. Тие сѐ уште живеат во близина на рушевините на фискултурната сала, но успеале да ја остават таа трагедија зад себе. Наталија вели: „Сега можам да зборувам за тој ден без огорченост и страв. Бог ни помага да ги залечиме раните“.

НЕКОИ ПОДАТОЦИ

  • Напаѓачи: Повеќе од 30

  • Заложници: Над 1.000

  • Загинати: Најмалку 330

  • Повредени: Повеќе од 700

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели