ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g19 Бр. 2 стр. 12-13
  • Да ги ценат советите од возрасните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да ги ценат советите од возрасните
  • Разбудете се! 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КОЈ ТРЕБА ДА ИМ ДАВА СОВЕТИ НА ДЕЦАТА?
  • ЗОШТО СОВЕТИТЕ НА ВОЗРАСНИТЕ СЕ ВАЖНИ?
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Тинејџерските години — врата кон зрелост
    Разбудете се! 2011
  • Проверени совети за воспитување на децата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Родителите прашуваат
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Научете да ги пуштите да си заминат
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 2019
g19 Бр. 2 стр. 12-13
Една жена му покажува на едно девојче свои постари слики

ЛЕКЦИЈА 5

Да ги ценат советите од возрасните

КОЈ ТРЕБА ДА ИМ ДАВА СОВЕТИ НА ДЕЦАТА?

Децата имаат потреба покрај нив да биде некој возрасен кој ќе ги поучува и ќе им дава совети. Како родител, ти си во најдобра положба да ја исполниш таа улога. Всушност, ти си должен да го правиш тоа. Но, и други возрасни лица можат да ги советуваат твоите деца и да им помагаат.

ЗОШТО СОВЕТИТЕ НА ВОЗРАСНИТЕ СЕ ВАЖНИ?

Во многу земји, младите поминуваат малку време со возрасните. Размисли за следново:

  • Децата поминуваат голем дел од денот на училиште, каде што има многу повеќе ученици отколку наставници.

  • Кога ќе се вратат дома, некои деца се сами затоа што и двајцата родители мора да работат.

  • Според едно истражување во САД, децата на возраст од 8 до 12 години поминуваат просечно по шест часа на ден пред телевизор, пред компјутер или користејќи друг електронски уред.a

Во една книга пишува: „Наместо да бараат совети од родителите, наставниците и други зрели возрасни лица, младите бараат совети од... своите врсници“ (Hold On to Your Kids).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Поминувај време со децата.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди, па нема да скршне од него ни кога ќе остари“ (Изреки 22:6).

Децата обично се потпираат на помошта од родителите. Всушност, стручњаците велат дека дури и тинејџерите повеќе ги ценат советите од своите родители отколку од врсниците. Во една книга, д-р Лоренс Стајнберг пишува: „Родителите имаат најголемо влијание врз ставовите и однесувањето на своите деца, како во периодот на пубертетот така и во доцните тинејџерски години“. Тој додава: „Тинејџерите го слушаат она што им го кажуваш и важно им е што мислиш иако секогаш не го признаваат тоа или не се согласуваат со сѐ“ (You and Your Adolescent).

Бидејќи твоите деца имаат природна потреба да добиваат совети од тебе како родител, дај сѐ од себе за да им ја задоволиш таа потреба. Поминувајте време заедно и кажувај им што мислиш за одредени работи, што ти е важно и што си научил во животот.

Погрижи се децата да се дружат со некој што може да им дава добри совети.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар“ (Изреки 13:20).

Размисли кое возрасно лице би можело да им биде добар пример на твоите деца. Би можел ли да се погрижиш да поминува време со него? Се разбира, ова не значи дека треба да му ја препуштиш на некој друг одговорноста што ја имаш како родител. Сепак, некој возрасен во кого имаш доверба и кој знаеш дека нема да им наштети на твоите деца може да го надополни она што ти го правиш за нив. Во Библијата се зборува за Тимотеј, кој дури и како возрасен имал голема корист од тоа што се дружел со апостол Павле, кој бил многу постар од него. А и на Павле многу му значело пријателството со Тимотеј (Филипјаните 2:20, 22).

Денес многу семејства не живеат заедно во ист дом или во исто место. Можеби бабите, дедовците и роднините живеат дури и во друг дел од светот. Ако ова е случај и со вас, погрижи се твоите тинејџери да учат од други возрасни кои имаат особини што би сакал да ги имаат твоите деца.

a Ова истражување покажало дека тинејџерите во просек поминуваат речиси девет часа на ден користејќи некаков електронски уред. Во ова не е вклучено времето што го минуваат на компјутер кога се на училиште или додека пишуваат домашни задачи.

Една жена му покажува на едно девојче свои постари слики

УЧИ ГО ДЕТЕТО УШТЕ СЕГА

Детето кое се потпира на советите од возрасните најверојатно еден ден ќе стане мудра и зрела личност

Поучувај ги децата со својот пример

  • Дали сум им добар пример на моите деца?

  • Дали децата гледаат дека и јас барам совети од оние што имаат поголемо искуство од мене?

  • Дали им покажувам на моите деца колку ми значат со тоа што поминувам време со нив?

Како го правевме тоа...

„Понекогаш ќерка ми има потреба да зборува со мене кога сум сред работа. Се трудам секогаш да одвојам време за неа, иако некојпат мора да ѝ кажам да почека неколку минути за да можам да ѝ посветам целосно внимание. Јас и жена ми настојуваме да ѝ дадеме добар пример за да види дека живееме според истите начела за кои ја поучуваме“ (Дејвид).

„Кога ни се роди ќерката, јас и маж ми решивме да не работам за да бидам дома и да ја воспитувам. Воопшто не жалам што донесовме таква одлука. Многу е важно да бидеш со детето што е можно повеќе за тоа да добива исправни совети и насоки во животот. Пред сѐ, на тој начин му покажуваш колку многу ти значи“ (Лиза).

ЗОШТО ДЕТЕТО ТРЕБА ДА ПОМИНУВА ВРЕМЕ СО ВОЗРАСНИ

„Додека децата растеа, секогаш беа опкружени со луѓе од различни возрасти, кои се интересираа за најразлични работи. Тоа им помогна да гледаат на животот од разни агли. На пример, се чудеа кога баба ми им кажуваше дека, кога била мала, нејзиното семејство било првото што имало електрична светилка дома. Таа им кажа дека луѓето од околината се собирале кај нив во кујната за да гледаат како се вклучува и исклучува светлото. Ова им помогна на децата да сфатат колку биле поинакви времињата порано. Така научија да ја почитуваат и баба ми и другите постари лица. Кога децата поминуваат повеќе време со возрасните, а помалку со своите врсници, тоа им помага да имаат пошироки сфаќања за животот“ (Маранда).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели