ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 3 стр. 4-5
  • Дознај ги фактите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дознај ги фактите
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Коренот на проблемот
  • Библиско начело
  • Како ќе ни помогне тоа што ќе ги дознаеме фактите
  • Што можеш да направиш
  • Предрасуди — дали ги носиш во себе?
    Разбудете се! 2020
  • Дали си жртва на предрасуда?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Предрасудите — проблем од светски размери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 3 стр. 4-5
Двајца мажи интервјуираат една жена за работа во фабрика за автомобили. Жената изгледа напнато.

Дознај ги фактите

Коренот на проблемот

Предрасудите обично се темелат на неточни информации. Еве неколку примери:

  • Некои работодавци погрешно сметаат дека жените не се способни за работни места за кои е потребна поголема вештина, сила или интелигенција.

  • Во средниот век, Евреите во Европа биле лажно обвинети дека ги трујат бунарите и дека шират болести. Подоцна, за време на нацистичкиот режим, Евреите повторно биле оцрнети. Но, овој пат биле обвинети дека ја предизвикале економската криза во Германија. Ваквите гледишта довеле до тоа Евреите да станат жртви на екстремни предрасуди, а некои од тие предрасуди постојат и денес.

  • Мнозина имаат погрешно мислење дека луѓето со некаков хендикеп се секогаш потиштени или огорчени.

Луѓето кои веруваат во вакви заблуди можеби ќе посочуваат примери или наводни докази со кои ги поткрепуваат своите предрасуди. И сметаат дека секој што не се согласува со нив е неинформиран.

Библиско начело

„Не е добро душата да биде без знаење“ (ИЗРЕКИ 19:2).

Што учиме од ова? Без да ги знаеме фактите, ќе донесеме погрешни одлуки. Ако веруваме во заблуди, а не во факти, погрешно ќе ги проценуваме луѓето.

Дали Библијата поттикнува на предрасуди?

Некои велат дека Библијата поттикнува на предрасуди. Но што, всушност, вели таа?

  • Сите луѓе потекнуваат од ист предок: Бог „од еден човек го направи целиот човечки род“ (Дела 17:26).

  • Бог е непристрасен: „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35).

  • На Бог му е важно какви сме однатре, а не како изгледаме: „Човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јехова го гледа она што е во срцето“ (1. Самоилова 16:7).a

a Јехова е името на Бог кое го дознаваме од Библијата.

Како ќе ни помогне тоа што ќе ги дознаеме фактите

Кога ги знаеме фактите за другите, нема да веруваме во општоприфатените погрешни претпоставки за нив. А кога ќе сфатиме дека она што сме го слушале за одредена група луѓе не е вистина, тоа ќе ни помогне во иднина да не донесуваме избрзани заклучоци за другите.

Реален пример: Јовица (Балкан)

Јовица, кој беше претходно цитиран, уште од мал слушал лоши работи за луѓето од една малцинска група. Тоа го слушал од неговите сонародници, на вестите и на телевизиските програми. Тој вели: „Имав многу предрасуди кон тие луѓе, па дури и ги мразев. И сметав дека со право се чувствувам така.

Но, додека служев војска, морав да живеам и да соработувам со војници од таа малцинска група. Со текот на времето, ги запознав малку подобро. Почнав дури и да го учам нивниот јазик и да слушам нивни народни песни. Имав многу убави искуства со нив и почнав да ги гледам поинаку. Но, свесен сум дека предрасудите може пак да испливаат на површина. Затоа не гледам вести во кои таа етничка група се прикажува во негативно светло. Исто така, не гледам филмови или хумористични емисии во кои тие луѓе се мета на невкусни шеги. Знам дека предрасудите може да прераснат во гнев или во омраза“.

Што можеш да направиш

  • Имај на ум дека стереотипите за одредена група луѓе не важат за сите поединци од таа група.

  • Биди свесен дека ја немаш целата слика за другите.

  • Потруди се да ги дознаеш фактите од веродостојни извори.

Тие ја победиле омразата

Слики: 1. Двајца мажи одат и си разговараат. 2. Еден од нив се смее во друштво на своите пријатели.

Што им помогнало на еден Арап и на еден Евреин да ги победат предрасудите?

Гледај го видеоклипот Кога љубовта ќе ја победи омразата? Овој видеоклип можеш да го најдеш на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели