ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 3 стр. 8-9
  • Труди се да ги видиш јаките страни кај другите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Труди се да ги видиш јаките страни кај другите
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Коренот на проблемот
  • Библиско начело
  • Што можеш да направиш
  • Крај на предрасудите
    Разбудете се! 2004
  • Предрасуди — дали ги носиш во себе?
    Разбудете се! 2020
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Предрасуди и дискриминација — кои се главните причини
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 3 стр. 8-9
Слики: 1. Еден брачен пар кој брза некаде, се нервира бидејќи една слепа жена им го пресекува патот. 2. Подоцна, истиот брачен пар ѝ се восхитува на слепата жена која свири на виолончело на еден концерт.

Труди се да ги видиш јаките страни кај другите

Коренот на проблемот

Вообразеноста е плодна почва за предрасуди. Еден вообразен човек има превисоко мислење за себе и смета дека е подобар од оние што се поинакви од него. Секој може да падне во оваа замка. Во една енциклопедија пишува: „Речиси секој ќе рече дека културата од која потекнува барем во извесна мера е подобра од другите. И тоа во однос на начинот на живот, храната, облеката, навиките, верувањата, вредностите итн.“ (Encyclopædia Britannica). Што ќе ни помогне да немаме вакво погрешно гледиште?

Библиско начело

„Од понизност сметајте ги другите за поголеми од себе“ (ФИЛИПЈАНИТЕ 2:3).

Што учиме од ова? Противотров за горделивоста е понизноста. Понизноста ни помага да сфатиме дека во некои работи другите се подобри од нас. Ниту еден народ, ниту една група, не може да се пофалат дека се најдобри во сѐ.

Да го разгледаме примерот на Штефан. Тој пораснал во комунистичка земја, но успеал да ги надмине предрасудите што ги имал кон луѓето од некомунистичките земји. Тој вели: „Сфатив дека, за човек да ги победи предрасудите, многу е важно да ги смета другите за подобри од себе. Јас не знам сѐ и од секој човек можам да научам по нешто“.

Што можеш да направиш

Биди реален и не заборавај дека и ти имаш слабости и правиш грешки. Прифати го фактот дека во некои работи другите се подобри од тебе. Не ги ставај во ист кош сите луѓе што припаѓаат на одредена група.

Наместо да имаш негативно мислење за некого само затоа што припаѓа на одредена група луѓе, прашај се:

Прифати го фактот дека во некои работи другите се подобри од тебе

  • „Дали работите што не ми се допаѓаат кај него се навистина лоши или се само поинакви?“

  • „Дали тој би ми нашол мани мене?“

  • „Во кои работи е подобар од мене?“

Ако искрено размислиш за овие работи, не само што ќе ги надминеш предрасудите туку ќе најдеш и работи што ти се допаѓаат кај тој човек.

Реален пример: Нелсон (САД)

„Пораснав во место каде што луѓето претежно беа од иста раса и култура. Но, на деветнаесет години се преселив во еден поголем град и се вработив во една фабрика. Таму работев и живеев со луѓе од различни раси и култури и со различно потекло.

Откако подобро ги запознав колегите и се спријателив со нив, сфатив дека бојата на кожата, јазикот и националноста не се мерило за тоа колку е трудољубив некој, колку можеш да се потпреш на него или како размислува.

Подоцна се оженив со една жена од друга земја и раса, и ми беше многу убаво да запознавам нови видови храна и музика. Искуството ме научи дека сите си имаме и добри и лоши страни. Да бидам искрен, станав подобар човек затоа што научив многу убави работи од луѓето што се од поинаква раса и култура.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели