ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 3 стр. 14-15
  • Вистинскиот лек

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистинскиот лек
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Совршена влада
  • 1. Високи морални вредности
  • 2. Крај на неправдите
  • 3. Добар водач
  • 4. Единство
  • Предрасуди — дали ги носиш во себе?
    Разбудете се! 2020
  • Да бидеме обединети како што се обединети Јехова и Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Крај на предрасудите
    Разбудете се! 2004
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 3 стр. 14-15
Насмеани луѓе на различна возраст и од различни раси.

Вистинскиот лек

Милиони луѓе веќе живеат според начелата што беа наведени во претходните статии и во голема мера успеале да ги искоренат предрасудите од своето срце. Но, факт е дека сами не можеме да ги искорениме сите предрасуди. Дали тоа значи дека ситуацијата е безнадежна?

Совршена влада

Човечките влади досега не успеале да ги искоренат предрасудите. Но, дали тоа значи дека ниту една влада нема да успее во тоа?

За да може една влада засекогаш да ги отстрани предрасудите, треба:

  1. 1. Да ги поттикне луѓето самите да сакаат да го сменат своето гледиште за другите.

  2. 2. Да им стави крај на неправдите кои се причина за предрасудите.

  3. 3. Да има водачи кои немаат никакви предрасуди.

  4. 4. Да ги обедини луѓето од сите народи.

Библијата нѐ уверува дека Бог веќе има воспоставено една таква влада. Тоа е „Божјето царство“ (Лука 4:43).

Да разгледаме што ќе обезбеди таа влада.

1. Високи морални вредности

„Оние што живеат на земјата ќе се учат на праведност“ (ИСАИЈА 26:9).

„Мирот ќе биде дело на правдата; спокојството и безбедноста ќе бидат плод на правдата довека“ (ИСАИЈА 32:17).

Што значи ова? Божјето Царство ќе ги поучува луѓето за она што е исправно. Кога луѓето ќе знаат што е исправно а што погрешно, што е праведно а што неправедно, ќе почнат поинаку да гледаат на другите. Секој ќе знае што е исправно — да ги сака сите луѓе.

2. Крај на неправдите

Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (ОТКРОВЕНИЕ 21:4).

Што значи ова? Божјето Царство ќе им стави крај на сите болки што се резултат на неправдите. Оние што порано биле жртви на неправди повеќе ќе немаат причини за огорченост.

3. Добар водач

„Нема да суди според она што го гледа, ниту ќе укорува според она што го слуша. По правда ќе им суди на сиромасите, праведно ќе укорува, бранејќи ги кротките на земјата“ (ИСАИЈА 11:3, 4).

Што значи ова? Исус Христос, Царот на Божјето небесно Царство, ќе владее праведно и непристрасно над целата Земја. Исус не прави разлика меѓу луѓето и тој ќе се погрижи сите да се придржуваат за неговите праведни закони.

4. Единство

Божјето Царство ги поучува луѓето на следново: „Сите да зборувате едно и меѓу вас да нема поделби, туку да бидете потполно обединети со ист ум и со ист начин на размислување“ (1. КОРИНЌАНИТЕ 1:10).

Што значи ова? Единството меѓу поданиците на Божјето Царство нема да биде само една убава фасада. Тие ќе бидат потполно обединети затоа што вистински ќе се сакаат еден со друг.

Дали е реално да веруваме дека ќе постои една таква влада?

Да, ако најпрво ги испитаме доказите. Како можеш да го направиш тоа? На следниве три начини:

  • Замоли некој Јеховин сведок да ти објасни зошто можеш да бидеш сигурен дека Божјето Царство наскоро ќе ги исполни ветувањата запишани во Библијата.

  • Посети ја нашата интернет-страница jw.org и оди на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА > БОЖЈЕ ЦАРСТВО.

  • Присуствувај на некој состанок на Јеховините сведоци и самиот увери се во љубовта и единството што владеат меѓу нив.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели