ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 58
  • Лебовите и квасецот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лебовите и квасецот
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Чудото со лебовите и квасецот на фарисеите
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус со чудо храни илјадници
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Илјадници нахранети со неколку леба и две риби
    Исус — патот, вистината и животот
  • „Чувајте се од квасот фарисејски и садукејски“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 58

Поглавје 58

Лебовите и квасецот

ДОДЕКА е во Декапол, кај Исус доаѓаат големи мноштва. Многумина од нив поминале долг пат за да дојдат во ова подрачје населено главно со не-Евреи. Тие доаѓаат за да го чујат Исус и за да бидат излекувани од своите болести. Со себе носат големи кошници кои обично ги користат за да стават храна за по пат кога минуваат низ не-еврејски подрачја.

Меѓутоа, на крајот Исус ги повикува своите ученици и вели: „Жал ми е за мноштвото зашто веќе три дена останаа кај мене и немаат што да јадат; а ако ги испратам по нивните домови испостени, ќе папсаат по патот. Некои од нив навистина се оддалеку“.

„Од каде некој овде на осамено место би можел да ги насити овие луѓе со лебови?“, прашуваат учениците.

Тогаш Исус прашува: „Колку лебови имате?“

„Седум“, одговараат тие, „и неколку рипчиња.“

Заповедувајќи им на луѓето да прилегнат на земја; Исус ги зема лебовите и рибите, му се помолува на Бог, ги раскршува и почнува да им ги дава на своите ученици. Тие, пак, ги послужуваат луѓето кои јадат додека не се наситат. Потоа, откако ги собираат остатоците, остануваат седум полни кошници, иако јаделе околу 4.000 мажи, и плус жените и децата!

Исус го распушта народот, се качува во чамецот со своите ученици и се упатува кон западниот брег на Галилејското Море. Овде фарисеите, овој пат заедно со членови од религиозната секта садукеи, се обидуваат да го искушаат Исус, барајќи од него да им покаже знак од небото.

Свесен за нивната намера да го искушаат, Исус одговара: „Кога ќе се спушти вечерта, имате обичај да кажете: ‚Ќе биде убаво времето, зашто небото е пламеноцрвено‘; и наутро: ‚Денес ќе биде зимно, дождливо време, зашто небото е пламеноцрвено, но темничаво‘. Знаете да го толкувате изгледот на небото, но знаците на времињата не можете да ги толкувате“.

Потоа Исус ги нарекува злобна и прељубничка генерација, и ги предупредува, како што порано им рекол на фарисеите, дека нема да им се даде знак освен знакот на Јона. Заминувајќи, тој и неговите ученици влегуваат во чамец и се упатуваат кон Витсаида, на североисточниот брег од Галилејското Море. По патот учениците откриваат дека заборавиле да понесат леб и дека со себе имаат само еден леб.

Имајќи ја на ум неодамнешната средба со фарисеите и садукејските приврзаници на Ирод, Исус предупредува: „Држете ги очите отворени, чувајте се од квасецот на фарисеите и од квасецот Иродов“. Изгледа дека спомнувањето на квасецот ги наведува учениците да помислат дека Исус се повикува на тоа што заборавиле да понесат леб, па почнуваат да се препираат. Кога го забележува недоразбирањето, Исус вели: „Зошто се расправате за тоа што немате лебови?“

Неодамна, Исус со чудо обезбеди леб за илјадници луѓе, а, пак, последново чудо го направи можеби само ден или два пред тоа. Тие би требало да знаат дека тој не е загрижен поради тоа што немаат дословен леб. „Зарем не се сеќавате“, ги потсетува, „кога ги раскршив петте леба за петте илјади луѓе, колку кошници полни со парчиња собравте?“

„Дванаесет“, одговараат тие.

„Кога ги раскршив седумте за четирите илјади мажи, колку кошници за храна полни со парчиња собравте?“

„Седум“, одговараат тие.

„Зарем уште не го сфаќате значењето?“ прашува Исус. „Како не сфаќате дека не ви зборував за лебови? Туку, чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите.“

Конечно учениците сфаќаат. Квасецот, средство за ферментација кое прави лебот да нарасте, е збор што се употребувал да се означи расипаноста. Така, сега учениците разбираат дека Исус користи симболика и ги предупредува да се чуваат од „учењето на фарисеите и садукеите“, кое имало расипувачко дејство. Марко 8:1—21; Матеј 15:32—16:12.

▪ Зошто луѓето носеле со себе големи кошници со храна?

▪ Какви патувања со чамец презема Исус откако го напушта Декапол?

▪ Какво недоразбирање се јавува меѓу учениците во врска со Исусовата изјава за квасецот?

▪ Што мисли Исус со изразот „квасецот на фарисеите и садукеите“?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели