ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rq лекција 13 стр. 26-27
  • Како можеш да ја најдеш вистинската религија?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можеш да ја најдеш вистинската религија?
  • Што бара Бог од нас?
  • Сличен материјал
  • Како да ја препознаеш вистинската религија?
    Добра вест од Бог!
  • Како да ја препознаеш вистинската религија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Да се препознае вистинската религија
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Што бара Бог од нас?
rq лекција 13 стр. 26-27

Лекција 13

Како можеш да ја најдеш вистинската религија?

Дали сите религии му се допадливи на Бог, или само една? (1)

Зошто има толку многу религии кои тврдат дека се христијански? (2)

Како можеш да ги идентификуваш вистинските христијани? (3—7)

1. Исус основал вистинска христијанска религија. Затоа денес мора да има само едно тело, односно група на вистински обожаватели на Јехова Бог (Јован 4:23, 24; Ефесјаните 4:4, 5). Библијата поучува дека само малкумина луѓе се на тесниот пат на животот (Матеј 7:13, 14).

2. Библијата прорекла дека после смртта на апостолите, во христијанското собрание полека ќе навлезат погрешни учења и нехристијански постапки. Некои луѓе ќе одвлекуваат верници да ги следат нив наместо Христос (Матеј 7:15, 21—23; Дела 20:29, 30). Затоа гледаме толку многу различни религии кои тврдат дека се христијански. Како можеме да ги идентификуваме вистинските христијани?

3. Најистакнатото обележје на вистинските христијани е дека тие имаат вистинска љубов помеѓу себе (Јован 13:34, 35). Тие не се поучени да мислат дека се подобри од луѓето од другите раси или боја на кожата. Нити, пак, се поучени да мразат луѓе од други земји (Дела 10:34, 35). Затоа тие не учествуваат во војни. Вистинските христијани меѓусебно се однесуваат како браќа и сестри (1. Јованово 4:20, 21).

4. Друго обележје на вистинската религија е дека нејзините членови имаат длабоко почитување спрема Библијата. Тие ја прифаќаат како Божја реч и веруваат во она што таа го кажува (Јован 17:17; 2. Тимотеј 3:16, 17). Тие сметаат дека Божјата реч е поважна од човечките идеи или обичаи (Матеј 15:1—3, 7—9). Тие се трудат да живеат според Библијата во својот секојдневен живот. Значи, тие не проповедаат едно а потоа да практикуваат друго (Тит 1:15, 16).

5. Вистинската религија, исто така, мора да му оддава чест на Божјето име (Матеј 6:9). Исус го објавил Божјето име, Јехова, на другите. Вистинските христијани мораат да го прават истото (Јован 17:6, 26; Римјаните 10:13, 14). Кои луѓе во твојата средина им кажуваат на другите луѓе за Божјето име?

6. Вистинските христијани мораат да проповедаат за Божјето Царство. Исус го правел тоа. Тој секогаш зборувал за Царството (Лука 8:1). Тој им заповедал на своите ученици да ја проповедаат истата таа порака по целата Земја (Матеј 24:14; 28:19, 20). Вистинските христијани веруваат дека само Божјето Царство ќе донесе вистински мир и безбедност на Земјава (Псалм 145:3—5).

7. Исусовите ученици не смеат да бидат дел од овој злобен свет (Јован 17:16). Тие не се мешаат во политичките работи на светот и во општествените расправии. Тие го избегнуваат штетното однесување, постапки и ставови кои се вообичаени во светот (Јаков 1:27; 4:4). Можеш ли да идентификуваш некоја религиозна група во твојата средина која ги има овие обележја на вистинското христијанство?

[Слики на страници 26 и 27]

Вистинските христијани се сакаат еден со друг, ја почитуваат Библијата, и проповедаат за Божјето Царство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели