Лекција 11
Отфрли ја лажната религија!
Сатана и неговите демони не сакаат да му служиш на Бог. Тие сакаат, кога би можеле, да ги одвратат сите од Бог. Како се обидуваат да го сторат ова? Еден начин е преку лажна религија (2. Коринтјаните 11:13—15). Една религија е лажна ако не поучува за вистината од Библијата. Лажната религија е како лажни пари — може да изгледа како вистинска, но е безвредна. Таа може да ти создаде многу тешкотии.
Религиозна невистина никогаш не може да му угоди на Јехова, Богот на вистината. Кога Исус бил на Земјата, постоела религиозна група која сакала да го убие. Тие мислеле дека нивниот начин на обожавање е исправниот. Рекле: „Еден отец имаме — Бога“. Дали Исус се согласил? Не! Тој им рекол: „Вашиот татко е ѓаволот“ (Јован 8:41, 44). Денес многу луѓе мислат дека го обожаваат Бог, но всушност му служат на Сатана и на неговите демони! (1. Коринтјаните 10:20).
Исто како што едно гнило дрво дава лош плод така и една лажна религија дава луѓе кои прават лоши работи. Светот е полн со тешкотии поради лошите работи што луѓето ги прават. Има неморал, борби, крадење, угнетување, убиства и силувања. Многумина кои ги прават овие лоши работи имаат религија, но нивната религија не ги поттикнала да го спроведуваат во дело она што е добро. Тие не можат да бидат Божји пријатели доколку не престанат да прават лоши работи (Матеј 7:17, 18).
Лажната религија ги поучува луѓето да се молат на идоли. Бог вели да не се молиме на идоли. Ова е разумно. Дали би ти се допаднало ако некој не зборува никогаш со тебе, туку само со твојата слика? Може ли тој човек да ти биде вистински пријател? Не, не може. Јехова сака луѓето да му зборуваат нему, а не на статуа или на слика која не е жива (2. Мојсеева 20:4, 5).
Лажната религија поучува дека нема ништо погрешно ако се убиваат други луѓе во време на војна. Исус рекол дека Божјите пријатели ќе имаат љубов помеѓу себе. Ние не ги убиваме луѓето што ги сакаме (Јован 13:35). Дури е погрешно да убиеме лоши луѓе. Кога непријателите на Исус дошле да го уапсат, тој не им дозволил на своите ученици да се борат за да го заштитат (Матеј 26:51, 52).
Лажната религија поучува дека злобните ќе страдаат во пеколен оган. Сепак, Библијата поучува дека гревот води до смрт (Римјаните 6:23). Јехова е Бог на љубовта. Дали еден Бог полн со љубов би ги мачел луѓето засекогаш? Се разбира не! Во Рајот ќе има само една религија, таа што ја одобрува Јехова (Откровение 15:4). Сите религии што се засноваат на Сатановите лаги ќе ги снема.