ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gf лекција 12 стр. 20
  • Што се случува при смртта?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случува при смртта?
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Сличен материјал
  • Што се случува со луѓето кога ќе умрат?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Треба ли да се плашиш од мртвите?
    Разбудете се! 2009
  • Каде се мртвите?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Ти можеш да бидеш Божји пријател!
gf лекција 12 стр. 20

Лекција 12

Што се случува при смртта?

Смртта е спротивност на животот. Смртта е како длабок сон (Јован 11:11—14). Мртвите не можат ништо да слушаат, да гледаат, да зборуваат или да размислуваат (Проповедник 9:5, 10). Лажната религија поучува дека мртвите одат во духовен свет за да живеат со своите предци. Библијата не поучува за тоа.

Оние кои умреле не можат да ни помогнат, а не можат ни да ни наштетат. Вообичаено е луѓето да изведуваат ритуали и да даваат жртви за кои веруваат дека ќе им угодат на оние што умреле. Ова предизвикува незадоволство кај Бог бидејќи се темели на една од Сатановите лаги. Тоа не може да им угоди ни на мртвите, затоа што тие се безживотни. Не треба да се плашиме од мртвите или да ги обожаваме. Треба да го обожаваме само Бог (Матеј 4:10).

Мртвите ќе живеат повторно. Јехова ќе ги разбуди мртвите во живот на рајска Земја. Тоа време сѐ уште е во иднина. (Јован 5:28, 29; Дела 24:15). Бог може да ги разбуди оние кои умреле исто толку сигурно како што ти можеш да разбудиш некого кој спие (Марко 5:22, 23, 41, 42).

Идејата дека не умираме е лага што ја раширил Сатана Ѓаволот. Сатана и неговите демони ги тераат луѓето да мислат дека духовите на мртвите се живи и предизвикуваат болести и други проблеми. Сатана ги мами луѓето, понекогаш преку соништа и визии. Јехова ги осудува оние што се обидуваат да зборуваат со мртвите (5. Мојсеева 18:10—12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели