Лекција 13
Магиите и вражањето се нешто лошо
Сатана сака да правиш магии. Многумина принесуваат жртви на предци или на духови за да се заштитат од зло. Тие го прават ова бидејќи се плашат од силите на духовниот свет. Носат магични прстени или гривни. Пијат или се мачкаат по телото со „лекови“ за кои претпоставуваат дека имаат магична моќ. Во своите домови или в земја, некои луѓе кријат предмети за кои веруваат дека имаат заштитна моќ. Други користат магични „лекови“ затоа што веруваат дека ќе им донесат успех во бизнисот, во испитите на училиште или во додворувањето.
Најдобро ќе се заштитиш од Сатана ако го имаш Јехова како свој пријател. Јехова Бог и неговите ангели се далеку помоќни од Сатана и од неговите демони (Јаков 2:19; Откровение 12:9). Јехова е желен да ја покаже својата сила во корист на своите пријатели — оние што му се потполно лојални (2. Летописи 16:9).
Божјата реч вели: „Не смеете да правите магии“. Јехова осудува магии и вражање бидејќи тие обичаи можат да го доведат човекот под моќта на Сатана Ѓаволот (3. Мојсеева 19:26, NW).