ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gf лекција 15 стр. 24-25
  • Божјите пријатели го прават она што е добро

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјите пријатели го прават она што е добро
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Сличен материјал
  • Два клуча за траен брак
    Тајната на семејната среќа
  • Семеен живот кој му е допадлив на Бог
    Што бара Бог од нас?
  • Зошто да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Како твоето семејство може да биде среќно?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
Повеќе
Ти можеш да бидеш Божји пријател!
gf лекција 15 стр. 24-25

Лекција 15

Божјите пријатели го прават она што е добро

Кога имаш пријател кому му се восхитуваш и го почитуваш, се обидуваш да бидеш како него. „Добар и исправен е Јехова“, вели Библијата (Псалм 25:8, NW). За да бидеме Божји пријатели, мораме да бидеме добри и исправни. Библијата вели: „Станете имитатори на Бог, како љубени деца, и продолжете да одите во љубов“ (Ефесјаните 5:1, 2, NW). Еве неколку начини да се стори тоа:

Биди им од помош на другите. „Да им правиме добро на сите“ (Галатјаните 6:10).

Работи напорно. „Кој крадел, да не краде веќе; а подобро е да се труди, правејќи добро со рацете свои“ (Ефесјаните 4:28).

Задржи физичка и морална чистота. „Да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот, усовршувајќи ја светоста во Божји страв“ (2. Коринтјаните 7:1, NW).

Постапувај со членовите на твоето семејство со љубов и почитување. „Секој од вас . . . нека ја љуби својата жена како самиот себе; жената, пак, треба да има длабоко почитување кон својот маж. Деца, бидете им послушни на своите родители“ (Ефесјаните 5:33—6:1, NW).

Покажи љубов кон другите. „Да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога“ (1. Јованово 4:7).

Биди послушен на законите на земјата. „Секоја душа нека [ѝ] биде подложна на [владата] . . . Давајте им на сите што им припаѓа: на оној кој бара данок — данок“ (Римјаните 13:1, 7, NW).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели