Да учиме од... Јов
Во животот на Јов настанува хаос. Прво, останува без егзистенција. Второ, му умираат сите деца. Трето, го губи здравјето. Сето ова се случува многу брзо и без никакво предупредување. Во краен очај, Јов вели: „Ѝ одмилеа животот на мојата душа“. Уште вели дека е „сит со срам и напоен со неволја“ (Јов 10:1, 15). Но, и во сета таа мака, Јов не му врти грб на својот Творец (Јов 2:10). Иако животот му се менува, не дозволува тоа да го смени него. Затоа, Јов е одличен пример за истрајност.
Кога ќе те притиснат проблеми, можеби и тебе не ти е мил животот. Сепак, исто како Јов, и ти можеш да останеш непроменет од сите промени, непоколеблив во твојата решеност да му служиш на Јехова Бог. Јаков напишал: „Ете, ги прогласуваме за среќни оние што истрајаа. Чувте за истрајноста на Јов и видовте до каков исход Јехова го доведе неговото искушение — видовте дека Јехова е полн со сочувство и милосрден“ (Јаков 5:11). Јехова се грижел за Јов, а се грижи и за тебе!