ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • hf тема 8 прашања 1-3
  • Кога ќе се случи немил настан

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе се случи немил настан
  • Твоето семејство може да биде среќно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. ПОТПИРАЈ СЕ НА ЈЕХОВА
  • 2. ГРИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ И ЗА СЕМЕЈСТВОТО
  • 3. НАЈДИ ПОДДРШКА
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Јехова се грижи за својот народ
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Како да се најде надеж среде очај
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дали Библијата може да ми помогне ако размислувам за самоубиство?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Твоето семејство може да биде среќно
hf тема 8 прашања 1-3
Маж и жена ја оплакуваат смртта на нивното дете

ТЕМА 8

Кога ќе се случи немил настан

„Радувајте се, иако сега можеби за кратко ќе мора да се жалостите поради разните искушенија“ (1. Петрово 1:6)

Дури и ако правиш сѐ за да имаш среќен брак и среќно семејство, понекогаш ќе се случат неочекувани работи што може да ти ја одземат радоста (Проповедник 9:11). Кога минуваме низ тешки моменти, Бог со љубов ни помага. Ако ти и твоето семејство ги примените следниве библиски совети, ќе можете да ги пребродите дури и најтешките ситуации.

1. ПОТПИРАЈ СЕ НА ЈЕХОВА

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Сите свои грижи фрлете ги на него, зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7). Никогаш не заборавај дека Бог не е виновен за твоите проблеми (Јаков 1:13). Ако си близок со него, тој ќе ти ја даде најдобрата можна помош (Исаија 41:10). ‚Излевај го срцето пред него‘ (Псалм 62:8).

Ќе најдеш утеха и ако секој ден ја читаш и ја проучуваш Библијата. Тогаш лично ќе почувствуваш како Јехова „нѐ теши во секоја наша неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4; Римјаните 15:4). Тој ветува дека ќе ти го даде „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла“ (Филипјаните 4:6, 7, 13).

Маж во болнички кревет се моли со своето семејство

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Моли го Јехова да ти помогне да останеш смирен и да размислуваш трезвено.

  • Разгледај ги сите можности и избери ја онаа што сметаш дека е најдобра.

2. ГРИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ И ЗА СЕМЕЈСТВОТО

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Срцето на разборитиот стекнува знаење и увото на мудрите бара знаење“ (Изреки 18:15). Биди во тек со работите. Треба да знаеш какви потреби има секој член од семејството. Разговарај со нив. Слушај ги внимателно (Изреки 20:5).

Што ако некој твој близок умре? Немој да ги потиснуваш своите чувства. Во една прилика, дури и Исус ‚почнал да рони солзи‘ (Јован 11:35; Проповедник 3:4). Многу е важно доволно да се одмораш и да спиеш (Проповедник 4:6). Така ќе можеш полесно да се справуваш со тешките ситуации.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Одржувај отворена комуникација со сите од семејството. Така ќе им биде полесно да разговараат со тебе кога ќе дојде до проблеми или ќе се случи некој немил настан.

  • Разговарај со други лица што биле во слична ситуација.

3. НАЈДИ ПОДДРШКА

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17). Твоите пријатели сакаат да ти помогнат, но можеби не знаат како. Слободно кажи им што сакаш да направат за тебе (Изреки 12:25). Исто така, побарај духовна помош од оние што ја разбираат Библијата. Библиските совети што ќе ти ги дадат можат многу да ти помогнат (Јаков 5:14).

Голема поддршка ќе најдеш ако често си заедно со луѓе што имаат вистинска вера во Бог и во неговите ветувања. Утеха ќе најдеш и додека им помагаш на други на кои им е потребно охрабрување. Зборувај им за твојата вера во Јехова и за убавите работи што ги ветил. Биди зафатен со тоа што ќе им помагаш на другите и не ги избегнувај оние што те сакаат и се грижат за тебе (Изреки 18:1; 1. Коринќаните 15:58).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Разговарај со некој близок пријател и дозволи му да ти помогне.

  • Отворено и конкретно кажи му што ти е потребно.

ГЛЕДАЈ ЈА ЦЕЛАТА СЛИКА

Дури и кога се чувствуваш скршен од болка, не престанувај да мислиш на Бог. Кога му било многу тешко, Јов рекол: „Нека биде благословено името Јеховино“ (Јов 1:21, 22). Исто како Јов, повеќе мисли на Јеховиното име и неговите намери отколку на своите грижи. Кога работите нема да се одвиваат онака како што би сакал ти, не губи надеж. Имај целосна доверба во Бог. „‚Јас добро знам какви се моите намери со вас,‘ вели Јехова, ‚намери за мир, а не за неволја, за да ви дадам иднина и надеж‘“ (Еремија 29:11).

ПРАШАЈ СЕ...

  • Дали имам потполна доверба во Јехова дури и во малите работи?

  • Какви причини имам секојдневно да му се заблагодарувам на Јехова за неговата добрина?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели